Израелската армија призна дека ирански ракети погодиле воздушни бази

October 2, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската армија денес потврди дека проектили лансирани од Иран синоќа погодиле нејзини воздухопловни бази, јавува Анадолу.

Неименуван израелски воен извор за Анадолу изјави дека „во нападите биле оштетени воздухопловни бази“.

Одбивајќи да ги открие локациите на базите, изворот рече: „Ако споменеме каде се случил нападот, непријателот едноставно ќе знае кои елементи биле погодени.“

Воениот извор изјави дека нема повредени во нападот.

Во врска со израелскиот одговор, изворот рече: „Ние не одговараме, ние напаѓаме и се бориме. Израелската армија има план и во Газа и на север дејствува според плановите, и тие знаат дека можеме да го нападнеме Иран во кој било момент и да одлучиме, но нема да зборуваме за можностите.“

Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРЦГ) рече дека нападот бил одговор за атентатите врз лидерот на Хамас, Исмаил Ханије, лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, и командантот на ИРГЦ, Абас Нилфорошан.

Корпусот на гардата предупреди дека ако Израел одговори на ракетниот бараж, ќе се соочи со повеќе „девастирачки напади“.

​​​​​​​



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Централната зграда на Македонска пошта ќе стане мултифункционален комплекс

Следно

Воска, Гостивар и Македонија ЃП продолжуваат понатаму во Купот на Македонија

Latest from Blog

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски

Муцунски: Македонија останува посветена на европскиот интегративен пат

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop