Хил: Конечната одлука за експлоатација на литиум ќе ја донесат граѓаните на Србија

October 2, 2024
1 min read

Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил денеска изјави дека конечната одлука за експлоатација на литиумот во рамките на проектот „Јадар“ ќе ја донесат граѓаните на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Хил истакна дека за следната недела (7 октомври) е закажана седница на Народното собрание на која ќе се разменуваат мислења на оваа тема, но оти верува дека на крајот граѓаните на Србија ќе одлучат дали се за ископување на литиум во Србија.

Секој што е заинтересиран за тоа прашање нека ја слуша и следи дебатата во Собранието, но во секој случај народот ќе одлучи за тоа. Тоа е до српскиот народ, рече Хил, повторувајќи дека за прашањето за експлоатација на литиумот треба да одлучуваат исклучиво граѓаните на Србија.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Околу сто дома се оштетени во северниот дел на Тел Авив од ирански ракетен напад

Следно

Сиљановска Давкова прими претставници на Унијата на Здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија

Latest from Blog

Драма во Калифорнија: ПРОГЛАСЕНА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПОРАДИ РИЗИК ОД ХЕМИСКА ЕКСПЛОЗИЈА

Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, прогласи вонредна состојба додека екипите за итни интервенции се борат со времето за да го запрат истекувањето на токсична хемикалија во производен погон во округот Оринџ. Поради

Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска го повикува економскиот тим на опозицијата на средба во Министерството за финансии. Вели дека деновиве имало хистерични прес-конференции, полни со невистини, погрешни толкувања и крајно очајни политички

За 70% е зголемен бројот на уапсени мигранти во Њујорк по доаѓањето на Трамп во Белата куќа

Ревизијата ја нарачал градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, кратко откако тој ја презеде функцијата. Според извештајот, Службата за имиграција и царина на САД (ICE) уапсила 5.567 лица во областа на Њујорк помеѓу
Go toTop