Синот на Ибрахимовиќ ќе дебитира за шведските јуниори

October 1, 2024
1 min read

Максимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на шведската фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, доби дебитантски повик за настап во шведската јуниорска репрезентација, соопштено е денеска во Стокхолм.

Младиот центарфор го потпиша својот прв професионален договор ова лето со Милан, каде неговиот татко ја заврши кариерата во јуни 2023 година.

Максимилијан Ибрахимовиќ настапува за младинскиот тим на италијанскиот клуб, додека Златан од средината на декември e советник на сопственикот на Милан.

„Тој започна одлично со Примавера. Тоа е добра можност за нас да го видиме во нашата средина“, изјави тренерот на јуниорската репрезентација Андреас Петерсон за шведските медиуми.

Шведската јуниорска репрезентација за неколку денови во Шпанија ќе одигра два пријателски натпревари против Јапонија и САД.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Петрушевски: Успешни 100 дена власт и исполнети многу ветувања кон граѓаните и покрај тешкотиите наследени од СДС и ДУИ кои ја испразниле државната каса

Следно

МЗШВ: Николовски посеа страв, безредие и хаос во земјоделството сега може да гледа како требаше да работи!

Latest from Blog

Руски воен хеликоптер навлезе во полскиот воздушен простор, подигнати се борбени авиони

Полска подигна борбени авиони како одговор на инцидентот, додека копнените сили и системите за противвоздушна одбрана останаа во состојба на готовност. Нарушувањето на воздушниот простор се случи во 11:08 часот северно од

Рустемовски блеска на ЕП, има загарантиран медал од континеталниот собир

Македонскиот боксер Ален Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европскоот сениорско првенство во Софија. Нашиот преставник во денешната четвртфинална пресметка беше убедлив и со 4:1 го совлада ерменскиот боксер Артур Бажејан. Со

Бугарија не дозволи влез на над два тона македонско кисело млеко

Бугарските инспекциски служби спречиле влез на пратка од над два тона кисело млеко од Македонија, откако при контролата биле утврдени несовпаѓања меѓу придружната документација и ознаките на производите. Пратката била запрена на
Go toTop