Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники

September 28, 2024
1 min read

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина синоќа при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните институции. Новороденчето со екипа од кумановската болница е префрлено на ургентен центар на детската клиника.

Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била примена завчера.

– Вчера се случи еден трагичен настан, при породување на 31-годишна возраст, родилка ненадејно почина. Родилката е примена завчера, со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето. Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација, кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиено срцева акција и притисок крвен, веднаш е внесено во сала за операции да се извади плодот. Бебето е извадено живо и е итно однесено на ургентен центар на детската клиника, проследено целиот пат од наш неонатолог кој бил дежурен, изјави директорот на кумановската општа болница Стефан Трајановски.

Раководителот на акушерското одделение го известил директорот, кој по информативниот разговор со дежурната екипа веднаш повикал обвинител кој пристигнал до истражна екипа.

-Детално е извршен увид, земени се изјави од сите што биле во контакт со родилката. Додека траело породувањето имало двајца дежурни лекари, дежурна анестезиолошка екипа, во актот на вадењето на бебето стигнал и раководителот на одделот. Бебето е живо, кажа Трајановски.

Тој повтори дека обвинителството повело истрага и обдукцискиот наод ќе ги покаже причините за смртта на родилката. Доколку има лекарска грешка, Трајановски најави и професионална одговорност.

– Поведена е од страна на обвинителството истрага, бидејќи е ова ненадејна смрт со неутврдена причина, покрената е истрага, ќе има обдукцискиот наод и ќе биде утврдено точно како и зошто е настаната оваа случка. Кога ќе ги добијам наодите на обдукцискиот наод ќе има и такво нешто, постапката ќе оди на начин што ќе има и професионална одговорност ако биде утврдено лекарска грешка, од наши професионални организации. Ова и е второ породување, првото минало без компликации, детенцето е живо и здраво. Со втората бременост можам да споделам дека било откриено гестациски дијабет, изјави Трајановски.

Од СВР Куманово, претходно информираа дека кај нив случајот за починатата 31-годишна родилка го пријавил директорот на болницата во 21. 35 часот Увид извршиле екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција. Од ЈОРМ за МИА информираа дека Основното јавно обвинителство од Куманово наредило обдукција за утврдување на причините за смртта и обезбедена е целокупна медицинска документација за водењето на бременоста.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Костенот со едно вложување враќа за многу поколенија, Македонија има идеални услови

Следно

Палатата на соборениот ирачки лидер Садам Хусеин претворена во библиотека

Latest from Blog

Коњановски: Инвестиција од над милион долари за модернизација на противпожарната служба во Битола

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денеска го посети новиот објект на противпожарната станица во АРМ заедно со секретарот на општината Борче Димитровски, претседателот на советот Бојан Бојкоски и раководителот на ЛЕР

11 загинати и најмалку 35 повредени е билансот од синоќешниот пожар во пензионерскиот дом во Тузла

Пожарот избувнал околу 21 часот на 7 и последен спрат од домот,  а евакуацијата траела до 3 часот по полноќ.. градоначалникот на тузла зијад луговиќ вели дека во акцијата за гаснење освен

Интер и Милан го купија „Сан Сиро“ за 197 милиони евра, сега може да се гради нов стадион!

фото: Inter Xtra (X) Стадионот “Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“, повеќе не е во сопственост на градот Милано. Легендарниот стадион официјално им припаѓа на фудбалските клубови Милан и Интер, кои го потпишаа

Автомобил удри во пешаци во југозападна Франција, неколку повредени

Најмалку пет лица се повредени откако автомобил се заби во група пешаци и велосипедисти во Сен-Пјер-д’Олерон, на островот Ил-д’Олерон, покрај западниот брег на Франција, изјави францускиот министер за внатрешни работи. Во објава

„Редит“ и „Кикстартер“ на листата социјални мрежи што ќе бидат ограничени за тинејџерите во Австралија

Популарниот форум „Редит“ (Reddit) и платформата „Кикстартер“ (Kickstarter) се додадени на листата социјални мрежи коишто ќе бидат ограничени за лицата под 16 години во Австралија од 10 декември. Со ова, бројот на
Go toTop