ДУИ: Актуелната политика на Владата ни ја киднапира иднината, членството во ЕУ не е партиско, туку национално прашање

September 27, 2024
1 min read

Денес, нашата земја се соочува со болен момент, кој кај секој граѓанин кој сонувал за европска иднина, буди длабоки чувства на разочарување и горчина. Поради неуспехот на оваа влада да ги исполни уставните реформи, Северна Македонија денеска е одвоена од Албанија во нејзиниот пат кон Европската унија, порачаа денеска од ДУИ со соопштение.

Оваа одлука е директна последица на политички неуспех, но пред се е тешка неправда за секој граѓанин на Северна Македонија кој ја гледал Европа не само како политичка цел, туку и како длабок општествен и културен стремеж. Ние веќе не сме на заедничко патување со Албанија и ова е удар за регионалното единство и стабилност за кои се стремиме толку долго, се вели во соопштението.

Од Мала речица истакнуваат дека Демократската унија за интеграција континуирано предупредува дека овој неуспех ќе има сериозни последици. Секој ден кога се одложуваат уставните реформи е изгубен ден за европската иднина на нашите деца. Секое неуспех да се усвојат овие реформи е чекор подалеку од европското семејство и чекор поблиску до изолација, поделеност и стагнација во земјата.

ДУИ нагласува дека „овие нашите зборови не се само критички. Тие се отворен апел до секој граѓанин на оваа земја кој ја сака Европа и верува во нејзините вредности: ова е моментот кога заедно испраќаме силни пораки за акција без да губиме повеќе време. Секое одложување, секој неуспех само го продлабочува јазот меѓу нас и Европската унија“.

Северна Македонија е Европа и нејзините граѓани тоа не го заслужуваат, велат од партијата.

„Не смееме да дозволиме актуелната политика да ни ја киднапира иднината. Ова не е партиско, туку национално прашање кое го засега секое семејство и секој поединец кој верува во подобра, стабилна и европска иднина“, потенцираат од ДУИ.

На оваа раскрсница, порачуваат, решени сме да дејствуваме за она што е правилно и за правото на граѓаните на Северна Македонија да станат дел од европското семејство. За овој момент ќе ни суди историјата и нема да дозволиме Северна Македонија да остане надвор од Европа поради политичките неуспеси во моментот.

Европа е нашата дестинација. Ова е наша заедничка задача. Нема повеќе време за губење, се наведува во соопштението на ДУИ.

ИЗВОР: racin.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Манчестер Сити нема да биде казнет во „процесот на векот“?

Следно

„Мора да избегнеме регионална војна по секоја цена“, рече Гутереш за случувањата на Блискиот Исток

Latest from Blog

Скопје има 213 пожарникари, недостигаат 171

На Скопје му недостигаат 171 пожарникари, предупреди командантот на противпожарната бригада, Ѕвонко Томевски. Според законските стандари, главниот град треба да има 384 а сега располага со 213 пожарникари. „Недостигот на вработени е

Астон Вила ја освои ЛЕ: Емери го донесе трофејот и во Бирмингем (ВИДЕО)

Фудбалерите на Астон Вила се нови освојувачи на трофејот во Лигата на Европа. Поранешниот европски шампион сега додаде трофеј во второто најважно европско натпреварување на своите витрини и докажа дека оваа е

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања
Go toTop