Најмалку две лица се убиени во израелските воздушни напади врз Бејрут

September 27, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Бројни експлозии се слушнаа во Бејрут, главниот град на Либан, веднаш по обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) во Њујорк, известува Анадолу.

По десетина експлозии густ чад се издига од јужниот дел на Бејрут.

Како што јави либанската новинска агенција ННА, цел на воздушните напади бил квартот Хурејк во регионот Дахиех, јужно од Бејрут. Се додава дека израелските воени авиони бомбардирале многу објекти во регионот Дахиех.

Министерството за здравство на Либан ги објави првите податоци за жртвите од новите воздушни напади извршени од израелската армија во областа Дахиех на југот на Бејрут.

Во соопштението се наведува дека најмалку 2 лица се убиени, а 76 се ранети во израелското бомбардирање на јужното предградие на Бејрут.

Се посочува дека во нападите се уништени 6 згради во регионот, а болниците ги повикале граѓаните да даруваат крв.

Портпаролот на израелската војска Даниел Хагари објави дека авионите го нападнале штабот на Хезболах во регионот Дахиех, во јужниот дел на Бејрут.

Израелските медиуми јавуваат дека цел на израелската армија бил генералниот секретар на Хезболах, Хасан Насралах.

Според израелското армиско радио, армијата истражува дали Насралах бил присутен на локацијата што ја бомбардирале израелските авиони, додавајќи дека во нападот биле користени „бункер-бомби“, наменети за уништување бункери и подземни простории.

Телевизијата Ал Манар, која е блиска до Хезболах, објави дека во нападот биле уништени четири згради.

Израелската телевизија Канал 13 објави дека официјален Тел Авив го известил Вашингтон дека ќе го нападне бејрутскиот кварт Дахиех.

Израелската армија, која од 8 октомври минатата година ги продолжува контролираните судири со Хезболах, од 23 септември изврши стотици воздушни напади врз градовите на југот на Либан, како и врз регионите Бека и Баалбек.

Според либанските власти, 775 лица се убиени во воздушните напади, додека речиси 150.000 се раселени поради бомбардирањето.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Сиљановска-Давкова на прием приреден од Бајден и неговата сопруга за шефовите на делегациите на Генералното собрание на ОН

Следно

Манчестер Сити нема да биде казнет во „процесот на векот“?

Latest from Blog

Трагедија во Кентаки, САД – најмалку тројца загинати во пад на товарен авион

Ова е застрашувачкиот момент што го потресе Луивил. Безбедносните камери го снимија летот 2976 на УПС, само неколку секунди по полетувањето од меѓународниот аеродром. На левото крило веќе има пламен. Авионот не

Најмалите деца најмногу шират вируси

Есента носи посвежи денови, но родителите знаат дека тоа значи и почеток на сезоната на кашлање, кивање и затнат нос. Респираторните вируси, настинките и грипот циркулираат во училиштата и градинките, па ново

Филипче најави: Ќе се моли по мали партии, дали на повидок е КОАЛИЦИЈА СО ЛЕВИЦА?

Претседателот на СДСМ и воедно најголем губитник на локланите избори, најави дека ќе отвора широкфронт против власта, односно во превод – соочен со немоќта на сопствената партија во распад, сега ќе ги

Амбасадорот на ЕУ во Србија: Разочаран сум од реториката што се користи во врска со ЕУ

Амбасадорот на Европската унија во Србија, Андреас фон Бекерат, денеска изјави за годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на патот кон ЕУ дека треба да „обезбеди мапа на патот“ за тоа
Go toTop