Димитриеска Кочоска – Варга: Унгарија е наш силен европски партнер, поддршка за економски напредок и европската иднина, ќе се користи искуството во реализација на реформите

September 27, 2024
1 min read

Унгарија е наш силен европски партнер во нашите напори за остварување макроекономска стабилност, во реализација на внатрешни реформи, како и силен поддржувач на нашата евроатланска интеграција. Билатералниот заем од 500 милиони евра со поволни услови се чекор во унапредување на соработката.. Ова беше заклучено на средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска со својот колега од Унгарија Михаил Варга, кој е дел од делегацијата што ја предводи унгарскиот премиер Виктор Орбан во Охрид.

„Македонија е исправена пред многу предизвици. Новата Влада од преземање на власта се справуваше со многу отворени прашања. Целта е да ја стабилизираме макроекономската состојба и цврсто да зачекориме кон остарување поголем економски напредок“, рече министерката Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека веќе се подготвува буџетот за 2025 година, со тоа се дефинираат и политиките коишто ќе се реализираат во наредниот период. Ќе се посвети внимание на борбата со сивата економија, од која се очекуваат значајни резултати врз стабилноста на приходите и подигнување на конкурентноста на економијата. Во таа насока значајно место има воведувањето на е-фактура.

На средбата соговорниците разменија мислење за даночните политики, глобалниот данок, поддршката на земјоделскиот сектор, како значаен сегмент и исплатата на субвенциите, како и справувањето со инфлацијата. При тоа министерката посочи дека ќе се креираат решенија коишто создадат поволна бизнис услови.

Истакнувајќи дека целта е да постигнеме економски напредок на државата, како и повисок стандард за граѓаните, рече дека Унгарија е силен партнер во остварување на оваа наша цел и значајно ќе биде споделување на нивното искуство во спроведување на претстојните реформи. При тоа Димитриеска Кочоска се заблагодари за подадената рака на Унгарија со обезбедените половина милијарда евра заем по поволни услов.

„Имаме многу отворени можности за унапредување на меѓусебната, особено економска соработка. Билатералниот заем е огромна поддршка на нашиот пат за реализација на реформи и стабилизирање на нашата макроекономска состојба. Тој е само вовед во една поширока економска соработка што ќе се развие меѓу двете земји“, рече министерката.

На средбата е потврдена заложбата за продолжување на реформската агенда на земјата кон целосно пристапување во ЕУ и дека на тој пат Унгарија, која во моментов претседава со Унијата, дава безусловна поддршка за Македонија, како и за целиот Западен Балкан.

Министерката потенцира дека реформите се клучот за придвижување кон ЕУ и дека тие реформи ќе бидат високо на агендата за добробит на граѓаните и државата.

На средбата станало збор за наредните активности околу реализација на средствата обезбедени со заемот од Експорт-импорт банката од Унгарија. Повторено е дека тие средства ќе бидат искористени за поддршка на општините и локален економски раст, како и за поддршка на компаниите. Се очекува да се преземат активности за продолжување на таквата соработка. Договорот за заемот, како што беше посочено, на средбата се очекува да се потпише во првата половина од октомври.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на средбата беше придружена од државниот секретар во Министерството за финансии Андриана Матлиоска и шефот на Кабинетот Катерина Антовска.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците вицепремиерот и министер Стоилковиќ се сретна со просветни работници кои предаваат на босански јазик

Следно

Две лица загинаа во хеликоптерска несреќа во руската област Архангелск

Latest from Blog

Мишел Обама: Луѓето гласаа за Трамп затоа што не знаеја што друго да прават

Поранешната прва дама во неодамнешното појавување во подкаст изјави дека била „разочарана“ кога Доналд Трамп победи на изборите во 2016 и 2024 година, пишува „Унилад“. Поранешната прва дама, која помина осум години

Средба Ахмети-Рокас: „Македонија нема друга алтернатива освен членство во ЕУ“

Денеска во Скопје, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, оствари средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во земјата, Михаил Рокас, на која се разговараше за актуелните политички случувања

Јамал: Играме најдобар фудбал, веќе можам да си замислам дека ќе го освоиме Светското првенство!

ФОТО: Selección Española de Fútbol/FB Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламине Јамал, верува дека „Црвената Фурија“ може да триумфира со титулата на Светското првенство ова лето. Шпанците се едни од фаворитите за

Евроинтеграциите и реформите во фокусот на средбата на Муцунски со амбасадорите на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, одржа работна средба со амбасадорот на Европската Унија и амбасадорите на земјите членки на ЕУ, на која биле разгледани актуелните политички и реформски
Go toTop