Туркије: На осмиот ден од потрагата во Адијаман, шестгодишно девојче е спасено од урнатините

February 13, 2023
1 min read

АДИЈАМАН (АА) – Шестгодишното девојче по име Мирај, кое со денови беше заробено под урнатините на зграда во турскиот град Адијаман по силните земјотреси минатата недела, беше спасено на осмиот ден од потрагата, јавува Анадолу.

Спасувачите по 178 часа од земјотресот го извлекоа девојчето од урнатините во населбата Алиташ, кое потоа е пренесено во болница.

Во Адијаман, еден од десетте турски области што на 6 февруари беа разурнати од силните земјотреси со јачина од 7,6 и 7,7 степени, со епицентар во Кахраманмараш, продолжуваат напорите за потрага и спасување на преживеаните од невидената катастрофа.

Бројот на загинати во земјотресите во јужна Туркије се искачи на 31.643, потврди денес Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД).



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

АНАЛИЗА: Ковачевски ќе добие меѓу 63 и 66 гласа „за“ реконструкција на Владата

Следно

Приведени насилници кои нападнале 39-годишник во Кисела Вода

Latest from Blog

Политички земјотрес во Израел: ОПОЗИЦИЈАТА СЕ ОБЕДИНУВА ПРОТИВ НЕТАНЈАХУ

Поранешниот израелски премиер Нафтали Бенет и лидерот на најголемата опозициска партија, Јаир Лапид, објавија спојување на нивните две партии и заедничка кандидатура против Бенјамин Нетанјаху и неговата партија на изборите во 2028

Исчезна Горан Ременски од Валандово

Семејството Ременски од Валандово упати јавен апел до граѓаните за помош во потрага по нивниот исчезнат роднина Горан Ременски. Според информациите, тој го напуштил домот на 25 април околу 05:30 часот наутро.

Америка ќе користи вештачка интелигенција за управување со воздушниот сообраќај

Министерот за транспорт Шон Дафи потврди дека владата работи на интегрирање на софтверот за вештачка интелигенција во својот систем за управување со воздушниот сообраќај. Проект од 12 милијарди долари Дафи, кој некогаш

Малолетнички бракови: Изгубено детство, одземени шанси

Малолетничките бракови и неформалните заедници со малолетници во Македонија оставаат сериозни последици врз децата и нивните семејства. Често доведуваат до прекин на образованието, психолошки и здравствени ризици, нарушени семејни односи и економска
Go toTop