Активист приведен во Франција поради повикување „интифада“ е последна жртва на притисокот врз поддржувачите на Палестина

September 26, 2024
2 mins read

ИСТАНБУЛ (АА)

– Омер ФАРУК МАДАНОЃЛУ / Ѓулчин КАЗАН ДОГЕР

Приведувањето на францускиот активист Елиас д’Имзален поради употреба на зборот „интифада“ за време на демонстрациите за поддршка на Газа во Париз е последниот пример на кривичните и судските одлуки донесени од Франција против оние кои ја поддржуваат Палестина по 7 октомври, пишува Анадолу.

Францускиот политиколог Франсоа Бургат и шефот на јавното застапување на невладината организација CAGE со седиште во Лондон, Анас Мустафа, за Агенција АНадолу го коментираа приведувањето на пропалестинскиот активист Елиас Д’Имзален на 24 септември, кој долго време води кампања против исламофобијата во Франција.

Бургат изјави дека е покрената истрага против францускиот активист Д’Имзален под обвинение за „поттикнување омраза и насилство“ и „извршување злосторство против основните интереси на нацијата“, бидејќи изјавил дека сакал да ја „понесе интифадата во Париз“ на митинг одржан на 8 септември.

„Елијас д’Имзален беше подложен на полициски и судски притисок, споделувајќи ја судбината на многу луѓе, главно муслимани, бидејќи јавно ја изрази легитимноста на „интифадата“ против оние кои слепо ги поддржуваат израелските геноциди. Сето тоа го знам затоа што на почетокот на јули и јас бев подложен на полициски и судски притисок. Бев приведен од Франција и сѐ уште постои можност да бидам обвинет. Притворот на Елиас д’Имзален е продолжение на казнените и судски одлуки донесени во Франција по 7 октомври“, рече Бургат.

Посочувајќи дека постојат ограничувања на слободата на изразување во француското општество во врска со израелските напади врз Газа, Бургат рече:

„Министерот за правда Дупон Морети бара да се осуди секој израз што го поврзува нападот на Хамас со чин на отпор, за чија законитост може да се разговара еден ден“

– „Време е да ја потсетиме Франција дека ги гази сопствените принципи“

Бургат нагласи дека во Франција се игнорираат историскиот контекст на израелско-палестинскиот конфликт и долгорочните поплаки на Палестинците и истакна:

Зборувајќи за историскиот контекст на израелско-палестинскиот конфликт и фактот дека долгорочните поплаки на Палестинците се игнорираат од страна на Франција, Бургат истакна:

„Начелата на француската политичка класа се исклучително едноставни. Поранешниот француски претседател Оланд на јавен канал утринава без трошка двоумење изјави: ‘Израелско-арапскиот конфликт започна на 7 октомври’. Долгорочното страдање на Палестинците од 1948 година и последователните смртни случаи на 40.000 Палестинци денес веќе не се во опсегот на проценката на ситуацијата.“

Укажувајќи дека Франција ги прекршила сопствените идеали со притисокот врз слободата на изразување и нечувствителноста кон Палестина, Бургат продолжи со зборовите:

„Време е да потсетиме дека денес поради газењето на сопствените принципи јавното мислење во Европа и остатокот од светот ја критикува Француската Република, таканаречената ‘лулка на човековите права’, која на целата планета и давала многу лекции за човечноста.“

– „Апсењето на Елијас е иницијатива предводена од државата насочена кон палестинското движење“

Мустафа, еден од адвокатите на CAGE, изјави дека приведувањето на францускиот активист е државна иницијатива насочена кон палестинското движење и додаде:

„Апсењето на Елијас е само последната од државните иницијативи насочени особено кон муслиманската заедница и Палестинското движење пошироко. Во последниве години видовме приведување на голем број муслимански организации, апсење на активисти и рации во нивните домови.“

Мустафа рече дека израелското лоби врши притисок врз владите во Европа и посочи дека лобито за цел ги има земено и муслиманите во Европа.

Потсетувајќи дека многу земји во Европа воведоа санкции кон муслиманите кои се спротивставија на геноцидот во Газа, Мустафа рече:

„Ова сега веќе е реалност. Минатата недела, британската влада го загуби случајот што го поднесе против Мариеха Хусеин, која отвори транспарент со кој ги критикува политичарите кои го овозможија геноцидот. На судењето стана јасно дека ционистичкиот блок е во центарот на случајот. Ова е шема што се повторува низ целиот континент и излегува на виделина на различни начини.“

– Соопштение за медиумите на CAGE

„Пропалестинскиот активист беше приведен како дел од зголемениот притисок врз француската држава да ги потисне пропалестинските гласови“, се вели во соопштението за печатот на CAGE International по приведувањето на францускиот активист Елиас д’Имзален“, се вели во соопштението на CAGE.

Во последниот дел од соопштението за печатот на CAGE, се наведува:

„Судот има за цел да ги заплаши активистите и да внесе страв во пошироката муслиманска јавност. Во ова приведување беа користени различни форми на државна контрола, вклучително и полициска бруталност. Активистите се соочија со различни притисоци и опасности, како надзор, куќен притвор, приведувања, рации и депортација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Николоски: Тендерот за пругата кон Бугарија пропадна, она што е сега понудено е неизводливо за реализација – ќе направам сè за да се изгради

Следно

Уште еден пораз на Е. Пелистер во ЛШ

Latest from Blog

СДСМ го одржа 29-тиот и 30-тиот конгрес

Со високите партиски тела на СДСМ ќе раководат млади и амбициозни луѓе, кои досега не биле во тесното партиско раководство, истакна лидерот на партијата Венко Филипче по завршувањето на 30от конгрес на

Стојаноски: Со власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ растат платите во образование, здравство, полиција, армијата и администрацијата

На гостувањето на поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски го пофали договорот на Владата за покачување на платите во здравството, бидејќи како што вели тој, сега Владата има слух за
Go toTop