Николоски: Тендерот за пругата кон Бугарија пропадна, она што е сега понудено е неизводливо за реализација – ќе направам сè за да се изгради

September 26, 2024
1 min read

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николски соопшти дека тендерот за пругата кон Бугарија е пропаднат.

Во интервју за „360 степени“, Николоски вели дека не се откажува од идејата за изградба на пруга кон Бугарија, но дека она што сега е понудено е неизводливо да се реализира. Вели дека нема намера да го распише повторно тендерот во онаа форма во која е сега.

– Јас не се откажувам од идејата да изградам пруга со Бугарија, велам само дека тоа што сега е понудено е неизводливо и не може да се реализира. Инаку, сакам да се изгради пруга со Бугарија и ќе направам се за да се изгради, вели Николоски.

Она што треба да се направи, според Николоски, е да се седне со Бугарија и заеднички да се направи проект.

– Треба да седнеме со Бугарија, јас би и утре ама претпоставувам ќе сакаат да завршат изборите и таму и да се формира политичка влада, заеднички да направиме проект, да видиме дали оваа линија е најдобра, да видиме дали има подобра линија. Јас мислам дека има и заеднички да направиме проект, заеднички да најдеме финансирање и заеднички да го тендерираме. Само така има логика. Ако правиме башка ние, башка Бугарија, нема да се заврши никогаш, ако настапиме заеднички како соседни држави оти границите се вештачка работа, тогаш мислам дека апсолутно ќе се реализира, истакнува Николоски.

На прашањето дека дел од парите за пругата се грант и дека доколку проектот не се реализира, тие пари ќе пропаднат, Николоски вели дека тие пари секако ќе се изгубат.

– Да ви кажам зошто. На тендерот се имаат пријавено шест турски фирми и една грчка фирма, еве првпат кажувам. Грчката фирма е 250 милиони евра поскапа од проценетата вредност што веројатно доволно кажува колку е изводлив проектот. Останатите шест јас гарантирам дека немаат намера да градат. Имаат намера да го земат авансот и да ги снема. Така нема да пропаднат парите?, посочува Николоски во интервјуто.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Др. Садри Имери: Лошата дентална хигиена може да влијае на здравјето на срцето и да отвори проблеми со дијабетот

Следно

Активист приведен во Франција поради повикување „интифада“ е последна жртва на притисокот врз поддржувачите на Палестина

Latest from Blog

Социјалните мрежи вријат: Се бараат оставки, се повикува на бојкот … (Фото)

Македонија загуби со 2-0 на гостувањето кај Словенија, што за нашата репрезентација е десетти меч без победа во серија. Дополнително, 607 минути немаме постигнато гол. Тоа беше доволна причина да „зовријат“ социјалните

ВИДЕО | УЖАС НА ТВ ЕКРАНИТЕ: Автомобил удри девојче додека ТВ екипа снимаше во живо во Полска

Телевизиска екипа го снимила моментот кога автомобил удрил 14-годишно девојче, кое се движело со електричен тротинет во северна Полска. На снимката се гледа црн автомобил кој свртува во споредна улица и го

Фудбалерите и навивачите во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“ (Видео)

Единаесетмината стартери, но и клупата, како и навивачите на стадионот „Стожице“ во Љубљана, во еден глас ја испеаја „Денес над Македонија се раѓа“. Навистина одлична најава за мечот помеѓу Словенија и Македонија
Go toTop