Филипче: Мицкоски нема право да ги прекине преговорите со ЕУ, државата не е негова приватна своина

September 26, 2024
1 min read

Државата не е  приватна своина на Мицкоски  и нема право да ја блокира иднината на граѓаните, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во вечерашната емисија „Само интервју“,  телевизија Канал 5. Филипче посочи дека  условите што треба да се исполнат за членството во ЕУ се јасни, прецизни  и во ниту еден момент не ги загрозуваат националните интереси и идентитетот на државата. Во интервјуто Филипче потенцираше дека се разобличи лагата на ВМРО ДПМНЕ која ја ветуваше во предизборниот период, односно дека ќе обезбедат подобра преговарачки услови.

„ВМРО ДПМНЕ дојде на власт со една би рекол величенствена претстава, една голема лага со која што ветуваше дека ќе ги подобри условите со кои што ние ќе преговараме со ЕУ, дека ќе го подобри францускиот предлог, и сега според кажувањето на Мицкоски, излегува дека ако ова е диктат и дека нема понатаму. Ние не гледаме ниту една иницијатива да се подобрат тие услови за преговарање. Што направи премиерот освен што ги влоши билатералните односи со Грција и со Бугарија после изјавите на вицепремиерот Николовски, поради што сега бугарското Собрание усвојува Декларација во која што кажува дека било која Влада натаму нема да има право да ги смени условите за преговарање“, рече Филипче

При тоа, Филипче посочи дека изјавите на Мицкоски и оправдувањата на неговите ставови во однос на Бугарија, се политички некоректни.

„Станува збор за иднината на државата, станува збор за надежта на луѓето, на граѓаните на едни нови генерации кои што доаѓаат и кои што иднината на земјата ја гледаат во ЕУ. Тие немаат право да си играат со иднината на државата и со луѓето кои живеат тука и сите следни генерации , затоа што прашањето во сите анкети за тоа дали граѓаните сакаат да бидат од ЕУ е апсолутно позитивно и огромен дел од граѓаните тоа го посакуваат.  Оваа Влада сама ги влоши позициите со Бугарија. Прво, авто-блокада досега не направила ниту една Влада. Христијан Мицкоски кажува дека ние не можеме да почнеме преговори затоа што се плашиме од некоја друга блокада понатаму, таков став навистина не е политички коректен. Не може ние да си направиме и да си воведеме автоблокада плашејќи се да не Бугарија направи други блокади понатаму. Какво и да биде барањето понатаму ако воопшто има и се сложувам дека може да излезат различни ситуации, ЕУ ќе биде на масата за преговори и тогаш не може да поминат ирационални барања или некакви блокади од страна на Бугарија“, посочи претседателот на СДСМ Филипче, во емисијата „Само интервју“  на Канал 5 Телевизија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Повеќе од 140 луѓе во Србија секој ден умираат од срцеви заболувања

Следно

Др. Садри Имери: Лошата дентална хигиена може да влијае на здравјето на срцето и да отвори проблеми со дијабетот

Latest from Blog

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува

ТАЛИБАНЦИТЕ СЛАВАТ 5 ГОДИНИ ВЛАСТ ВО АВГАНИСТАН: „Како да имам 500 години“

Владата на Талибанците во Авганистан денес слави пет години на власт, фалејќи се за „слобода“ и безбедност во земјата, додека критичарите ги критикуваат постојано заострувањето на ограничувањата во речиси секоја област од

ТАЛИБАНЦИТЕ СЛАВАТ 5 ГОДИНИ ВЛАСТ ВО АВГАНИСТАН: „Како да имам 500 години“

Владата на Талибанците во Авганистан денес слави пет години на власт, фалејќи се за „слобода“ и безбедност во земјата, додека критичарите ги критикуваат постојано заострувањето на ограничувањата во речиси секоја област од

Известување за вршење терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце

Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на 17 и 18 август 2026 година, Д.П.Т.У. „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, во соработка со Општина Јегуновце, ќе ја спроведе третата терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина

Проданоски: Над 100 македонски уметници на големиот спектакл „Силно светнал ден“

Прилеп на 19 август ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, со кој ќе биде одбележана 35-годишнината од независноста на Република Македонија. На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе настапат повеќе
Go toTop