Повик за примирје

September 26, 2024
1 min read

Израел ги продолжи воздушните напади врз Либан. Според либански извори загинаа десетици лица, а исто толку се ранети. Израелските одбранбени сили соопштија пак, дека Хезболах лансирал 45 ракети врз градот Акре на северот на Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на израелската армија да продолжи со борбите против Хезболах со полна сила и го игнорираше повикот за примирје, предложено од САД, ЕУ и сојузниците. 

„Нема да има примирје на северот. Израел ќе продолжи со борбите против терористичката организација Хезболах со сета моќ сѐ до победата и враќањето на раселените жители од северот во нивните домови. Борбите против Хамас и Хезболах продолжуваат до исполнувањето на сите цели.“ – Кабинет на израелскиот премиер.

САД, Европската Унија, Саудиска Арабија, Обединети Арапски Емирати, Велика Британија и Катар побараа 21-дневна пауза во борбите, што ќе овозможи натамошни преговори за да се постигне сложен договор. 

„Ситуацијата меѓу Либан и Израел е неподнослива и претставува неприфатлив ризик за поширока регионална ескалација. Ги повикуваме сите страни, вклучително и владите на Израел и Либан, веднаш да поддржат привремен прекин на огнот и да дадат вистинска шанса за дипломатско решение“. 

Ова доаѓа откако шефот на израелската армија Херци Халеви најави дека обемните воздушни напади против Хезболах би можеле да бидат вовед во копнена офанзива во Либан.Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во своето обраќање на состанокот на Советот за безбедност на Обединетите нации изјави дека светот не може да си дозволи Либан да стане уште една Газа. 

„Со еден јасен глас да кажеме, престанете со убивањето и уништувањето, ублажете ги реториката и заканите, отстапете од работ. По секоја цена мора да се избегне сеопфатна војна. Тоа сигурно би било сеопфатна катастрофа.“ – Антонио Гутереш генерален секретар на ОН..

Израел почна серии воздушни напади врз Либан од понеделникот и досега загинаа над 600 луѓе, а бројот на повредени е над 2.000.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

12. Филмски фестивал „Босфор“ започнува наредниот месец во Истанбул

Следно

Лекарска комора објави листа на доктори со важечка лиценца за работа

Latest from Blog

Претседател на Федерација тајно застана зад Инфантино, во УЕФА се бесни!

Нова контроверзност го тресе европскиот фудбал, а вниманието е насочено кон претседателот на Француската фудбалска федерација, Филип Дијало, и претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Според новинарот Ромен Молина, Дијало наводно го поддржува

ТАЛИБАНЦИТЕ СЛАВАТ 5 ГОДИНИ ВЛАСТ ВО АВГАНИСТАН: „Како да имам 500 години“

Владата на Талибанците во Авганистан денес слави пет години на власт, фалејќи се за „слобода“ и безбедност во земјата, додека критичарите ги критикуваат постојано заострувањето на ограничувањата во речиси секоја област од

ТАЛИБАНЦИТЕ СЛАВАТ 5 ГОДИНИ ВЛАСТ ВО АВГАНИСТАН: „Како да имам 500 години“

Владата на Талибанците во Авганистан денес слави пет години на власт, фалејќи се за „слобода“ и безбедност во земјата, додека критичарите ги критикуваат постојано заострувањето на ограничувањата во речиси секоја област од

Известување за вршење терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина Јегуновце

Општина Јегуновце ги известува граѓаните дека на 17 и 18 август 2026 година, Д.П.Т.У. „ПРОНТТО“ ДООЕЛ, во соработка со Општина Јегуновце, ќе ја спроведе третата терестичка адултицидна дезинсекција на подрачјето на Општина

Проданоски: Над 100 македонски уметници на големиот спектакл „Силно светнал ден“

Прилеп на 19 август ќе биде домаќин на големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, со кој ќе биде одбележана 35-годишнината од независноста на Република Македонија. На плоштадот „Методија Андонов-Ченто“ ќе настапат повеќе
Go toTop