Борисов: Никој не може да отстапи од Договорот за добрососедство – Албанија го прифати бугарското малцинство

September 26, 2024
1 min read

Бугарија и Република Северна Македонија потпишаа Договор за добрососедство, кој е вклучен во планот за проширување и никој не може да отстапи од него, изјавил претседателот на тамошната собраниска комисија и поранешен бугарски премиер Бојко Борисов, коментирајќи ја одлуката на постојаните претставници во Европската унија (ЕУ), донесена на состанокот на 25 септември, за одвојување на Албанија од Македонија на патот кон членство во ЕУ.

Лидерот на ГЕРБ ја советувал Бугарија да биде умерена во ова прашање и без чувство на одмазда.

„Затоа што тактиката на нашите колеги во Северна Македонија е ние да бидеме виновниците. Имаме Договор за добрососедство кој е вметнат во Планот за проширување и никој не може да отстапи од него. Така функционираат европските институции. Резултатот е дека Албанија оди напред, го прифати бугарското малцинство, а нашите колеги во Северна Македонија мора да го издржат или толерираат она што нивното однесување им го создаде досега“, рекол Борисов.

На денешната седница на Комисијата за надворешна политика се очекува да се разговара за Предлог-декларација во врска со, како што пишуваат бугарските медиуми, „систематското и методично уништување на дијалогот меѓу РСМ и Република Бугарија и провокативните и навредливи изјави кон Бугарија од страна на владејачките политички фактори во Република Северна Македонија“.

Според Борисов, Бугарија не го нарушува добриот тон – побарана е само оставка од вицепремиерот Александар Николоски, што, за него, е нешто многу нормално.

-Ние како држава мора да се исправиме и да не бидеме во тонот на еден министер, смета тој.

-Сакам да го уверам бугарскиот народ дека за се што направивме во Европската народна партија, во Европскиот совет, во Европската комисија сме многу добро слушнати, додал Борисов во изјава за бугарските медиуми.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ

Следно

Поднесена кривична пријава против градоначалникот на општина Богданци

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop