„Слободен печат“ праша, Владата молчи, сѐ уште нема комплетна информација кој сѐ го советува премиерот и за колку пари на граѓаните

September 24, 2024
2 mins read

Да не си се пофалеа самите некои од надворешните соработници на Христијан Мицкоски, немаше да се дознае ниту едно име, бидејќи од Владата со денови не одговараат на прашањата на „Слободен печат“ колку надворешни советници има премиерот, кои се и за колкав надоместок го советуваат.

Изминуваат стоте дена од функционирањето на оваа Влада, а јавноста сѐ уште не разбра кој сѐ го советува премиерот. Да не си се пофалеа сами некои од надворешните советници на премиерот Христијан Мицкоски, немаше да се дознае ниту едно име, бидејќи од Владата со денови не одговараат на прашањата на „Слободен печат“ колку надворешни советници има премиерот, кои се и за колкав надоместок го советуваат.

Потврда единствено добивме од професорот Александар Спасеновски, кој му е надворешен советник на премиерот за европски интеграции. Според она што е објавено на алатката Отворени финансии, Спасеновски за неговиот ангажман прима надоместок од 90.000 денари.

Освен Спасеновски, надворешен советник на Мицкоски му е и Сашо Марковски од Министерството за надворешни работи, чија официјална функција е „надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија“. Но, за него не се знае колку го чини кабинетот на премиерот.

Остана непознат и хонорарот на Лазар Јовевски, професор по трудово право на Правниот факултет „Јустинијана Прима“ во Скопје, а за ангажманот самиот се пофали на Фејсбук и јавно му се заблагодари на премиерот за укажаната доверба. Јовевски, според напишаното, станал советник на премиерот за труд и социјална политика.

„Трудовите и социјалните односи може да се развиваат само со визија и со посветена работа. Споделувањето на заедничката визија за Македонија со претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски, е нешто што нѐ поврза низ годините. Токму затоа изразувам голема благодарност кон него за тоа што ја препозна заложбата кај мене за достоинствени работни места и достоинствен живот во Македонија и што ми укажа доверба да бидам дел од неговиот тим како главен советник на премиерот за труд и социјална политика при Владата. Ова е голема чест и потврда за мојата досегашна работа од страна на мојата земја, но и одговорност за мене како долгогодишен професор, а пред сѐ како човек! Му благодарам на Бога за оваа можност да служам и на овој начин на мојот народ, земја и на сите граѓани! Бог да ја благослови Македонија!“, напиша професорот Јовевски уште пред еден месец.

Јавноста на Фејсбук дозна и за ангажирањето на Столе Пандов, син на директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов. Тој уште минатиот месец се пофали дека бил говорник на настан на тема „Позицијата на младите на парламентарните избори 2024 година“ од местото советник на претседателот на Владата на Република Македонија.

„Денеска имав можност да бидам говорник на настан организиран од Вестминстер фондацијата за демократија на тема ‘Позицијата на младите на парламентарните избори 2024‘, каде што направив осврт на анализата од позиција на советник на претседателот на Владата на Република Македонија. Во моето излагање се фокусирав на клучните аспекти што ја обликуваат позицијата на младите во контекст на изборите, истакнувајќи ги предизвиците и можностите што стојат пред нив“, напиша пред неполн месец Пандов како советник за млади.

Со оглед дека од Владата не даваат информација за бројот на надворешните советници на премиерот Мицкоски која, патем, треба да биде јавна, не може да се прави споредба со претходните премиери. За потсетување, последниот премиер Димитар Ковачевски во 2022 година ангажирал 12 надворешни советници, а неговиот претходник Зоран Заев во 2018 година имаше 23, додека во 2019 година го советувале 39 надворешни експерти.

Рекордер во ангажирање надворешни советници, сепак, е Никола Груевски, кој според податоците што ги објави тогашната Влада, во периодот 2010-2016 имал 91 советник, вклучително и неколкумина странци, а некои од нив добивале плата од 7.000 евра месечно. Меѓу советниците на Груевски беше и актуелниот премиер Мицкоски, за кого пишува дека бил ангажиран со надоместок со коефициент 1,8 на Никола Груевски. Потоа го менува договорот со наредниот, техничкиот премиер Емил Димитриев, во надворешен соработник за енергетика, но сумата на договорот не беше објавена.

Преземено од Слободен печат

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

До викендов летни температури, од понеделник есенско заладување

Следно

Никола Мемов од ЗНАМ е новиот директор на ПИОМ

Latest from Blog

Продолжува судскиот процес за двојното убиство: Кешишев го смени исказот

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за убиството на 14-годишата Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски. На претходните рочишта неколкумина, меѓу кои и човекот кој го возел Палевски во

СИРИЗА избра нов лидер

Пратеникот и поранешниот претседател на пратеничката група на СИРИЗА, Сократис Фамелос е избран за нов лидер на грчката опозициска партија по вчерашните избори на кои гласаа нешто повеќе од 70.000 членови и

ЕК: ЕУ останува цврсто посветена на итно искоренување на насилството врз жените

Сите форми на насилство врз жените се одвратни и тие претставуваат кршење на човековите права и поткопување на основни вредности на Европската Унија се наведува во заедничката изјава на Европската комисија и
Go toTop