Состојбата на Блискиот исток ексалира

September 24, 2024
1 min read

Бројот на загинати во израелските воздушни напади во Либан се зголеми на над 500 лица, а илјадници се ранети. Либански извори соопштија дека 35 деца и 58 жени биле убиени откако Израел го почна својот најсмртоносен бран воздушни напади врз Хезболах.

„Нападите, фокусирани на јужен и источен Либан, почнаа вчера и во нив беа погодени 1.300 цели на Хезболах.“ – Јоав Галант министер за одбрана на Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како превентивен напад чија цел е да се елиминира оружјето на Хезболах. Израелската армија, пак, соопшти дека утрово биле истрелани повеќе од 50 проектили кон северен Израел од Либан, кои биле пресретнати. Шефот на ОН за човекови права ги повика сите оние кои имаат влијание на Блискиот Исток да спречат каква било натамошна ескалација на непријателствата меѓу Израел и Хезболах.

„Високиот комесар на ОН Волкер Турк ги повикува сите држави и учесници со влијание во регионот и пошироко да спречат натамошна ескалација и да направат се што можат за да обезбедат целосно почитување на меѓународното право. Методите и средствата за војување што се користат предизвикуваат многу сериозна загриженост за тоа дали тоа е во согласност со меѓународното хуманитарно право.“ – Равина Шамдасани портпарол.

Франција побара итен состанок на Советот за безбедност за да се разговара за ситуацијата во Либан, каде што се интензивираат судирите со Израел.

„Во овој момент мислам на либанскиот народ, откако израелските напади однесоа стотици цивилни жртви, вклучително и десетици деца. Овие удари на двете страни на сината линија и пошироко во регионот мора веднаш да престанат.“ – Жан Ноел Баро министер за надворешни работи на Франција.

Либан ги осуди интензивните израелски напади, тврдејќи дека нивна цел била да ги уништат либанските села и градови. Поради ескалацијата на тензиите, САД испраќаат дополнителни воени сили на Блискиот Исток.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Влада: Се укинуваат лиценците за интернет игри на среќа

Следно

Меџити: Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во компјутери од дома и од училиште.

Latest from Blog

Израелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување

Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на

На Пентагон итно му се потребни 50 милијарди долари- Хегсет откри за што станува збор (ВИДЕО)

Министерот за одбрана Пит Хегсет се обрати на конференцијата на AUSA за време на панел-дискусија за проектот Агинкур, откривајќи дека Пентагон бара приближно 50 милијарди долари средства обезбедени преку посебен процес на

Десаи: Реал Мадрид летоска требаше да го продаде Винисиус

Поранешниот француски фудбалер, Марсел Десаи, смета дека Реал Мадрид требало да размисли за продажба на Винисиус за време на летниот преоден рок. Според освојувачот на Светското првенство во 1998 година, обидот истовремено

Спор околу Сеута: Шпанската опозиција бара распоредување на морнарицата

Неговото барање доаѓа како одговор на непотврдени извештаи дека марокански патролен брод претходниот ден навлегол во водите на шпанската енклава. Како лидер на опозицијата, Феихоо му се спротивставува на актуелниот социјалистички премиер
Go toTop