Камала Харис пред Трамп на последните анкети

September 23, 2024
1 min read

Потпретседателката на САД Камала Харис има поддршка од 50 отсто додека поранешниот претседател Доналд Трамп има поддршка од 47 отсто во претседателската трка, според Си-Ен-Ен во, како што ја нарекува „анкетата на сите анкети“.

Харис има пет проценти предност пред републиканскиот противкандидат Доналд Трамп, според новата анкета на Ен-Би-Си која покажува дека испитаниците поповолно гледаат на Харис откако таа стана демократска претседателска кандидатка. Посебна анкета на CBS News, исто така, покажа дека Харис води пред Трамп со четири процентни поени, 52 до 48 отсто меѓу веројатните гласачи, со маргина на грешка од два процентни поени. Сепак дел од аналитичарите укажуваат дека трката ќе биде крајно незивесна до самиот крај.

– Одамна не сме имале волку рамномерна трка, сите 7 клучни држави се со мала предност на еден или друг кандидат, веројатно е дека ќе има голем одзив на гласачите и решението ќе биде кој има поголем коалиција. Трамп има поголем одзив кај одредени групи, но демократите подобро стојат во други сегменти, ќе биде неизвесно до крај. – изјави аналитичарот Нејт Силвер.

Резултатите се во голема мера во согласност со другите национални анкети, вклучително и оние на Ројтерс и Ипсос, кои покажуваат дека изборите на 5 ноември ќе бидат тесна трка. И додека националните анкети даваат важни сигнали за ставовите на гласачите, резултатите од неколку клучни држави кои се менуваат ќе одлучат кој ќе биде идниот претседател или за прв пат, претседателка на САД.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба Муцунски – Герапетритис во Њујорк

Следно

Тахири: Се надеваме дека нема да има нови санкции за Косово до парламентарните избори на 9 февруари

Latest from Blog

Феран Торес: Барса мора да покаже дека ме сака!

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Шокантни беа најавите дека Феран Торес би можел да си замине од Барселона и да направи трансфер во ПСЖ. Неговата ситуацијата многу се промени по Светското првенство бидејќи тој беше херој

ИЗГОРЕНИ АВТОМОБИЛИ, ЗАТВОРЕНИ ПЛАЖИ И УЛИЦИ ПРЕПОЛНИ СО ОТПАД – Фнидек во хаос по мигрантскиот бран кон Сеута

Фидек е под засилени безбедносни мерки откако масовно движење на мигранти кон шпанската енклава Сеута го наруши мирот во ова крајбрежно место. Плажите се затворени со бариери, а вооружени марокански полицајци се

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27
Go toTop