САД собориja неидентификуван беспилотен објект над регионот на Големите Езера во Мичиген

February 13, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Американската војска синоќа собори неидентификуван беспилотен објект кој леташе над регионот на Големите Езера во сојузната држава Мичиген, пренесува Анадолу.

„Ф-16 истрела AIM9x (проектил) за да собори објект кој леташе на приближно 20.000 стапки надморска височина во воздушниот простор на САД над езерото Хјурон, во државата Мичиген“, се вели во соопштението на Пентагон.

Се истакнува дека Северноамериканската воздушна одбранбена команда (НОРАД) го открила објектот вчера утрото и визуелно и радарски го следела.

„Врз основа на патеката на летот и податоците, можевме да го поврземе овој објект со радарски сигнал фатен над Монтана, кој леташе во близина на чувствителни локации на ДОД (Одделот за одбрана)“, се наведува во соопштението.

Пентагон „не оцени дека тоа е кинетичка воена закана за ништо на земјата, но оцени дека е опасност за летовите и закана поради неговите потенцијални извидувачки можности.“

Се истакнува дека тим прави напори за да дознае повеќе за објектот.

„Американската војска неутрализира уште еден објект над езерото Хјурон“, објави претходно на Твитер сенаторот од Мичиген, Џек Бергман.

Пензионираниот генерал-полковник рече дека бил во контакт со Министерството за одбрана „во врска со операциите во регионот на Големите езера.“

Во саботата, канадскиот премиер Џастин Трудо нареди борбен авион да собори неидентификуван објект во воздушниот простор на Канада.

Последниот инцидент е четврти по ред на соборување објекти во северноамериканскиот воздушен простор во последните осум дена.

Пред една недела, САД соборија кинески разузнавачки балон, а потоа претседателот Џо Бајден санкционира шест кинески субјекти, дел од воздухопловната индустрија на Пекинг.

САД соборија уште еден објект во петокот во близина на брегот на сојузната држава Алјаска. Беше опишан дека е со големина на мал автомобил, но не беа откриени дополнителни детали.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Низа приведувања во Туркије по двата разорни земјотреси

Следно

Општина Гази Баба изгради нов кров на семејство од населба Гоце Делчев

Latest from Blog

Англиски репрезентативец заврши во болница

Се работи за стандардниот стопер на тимот на Њукасл, Ден Бирн кој што во дуелот против Сандерленд доби незгоден удар, при што заработи скршеница на ребро. Ова значи дека дефанзивецот веројатно ќе

Украинските беспилотни летала ја уништија руската подморница „Варшавјанка“

Украински подводни дронови ја уништија руската подморница „Варшавјанка“ од класа 636.3 во пристаништето Новоросијск во Русија, објавија денес украинските медиуми. Како резултат на експлозијата, подморницата претрпе критични оштетувања и беше ставена вон

Брендан Роџерс има нов клуб

Некогашниот менаџер на тимот на Ливерпул, Брендан Роџерс е нов кормилар на тимот на Ал Кадисија од Саудиска Арабија, објави „Атлетик“. Искусниот стратег кој во моментов има 52. години веќе е на

Димитриеска Кочоска за партнерството со САД: Работиме на посилна буџетска отчетност, зајакнување на институциите и развој

Денеска го одбележавме значајното партнерство меѓу Министерството за финансии и САД, кое со години придонесува за градење модерен, транспарентен и одговорен систем на јавни финансии, истакна министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска.
Go toTop