Николоски: Ние сме Македонци што зборуваат македонски јазик, имаат своја култура и не може Бугарија да ни кажува кој сме и што сме

September 22, 2024
1 min read

Потпретседателот на влада и на ВМРО-ДПМНЕ и министер за транспорт и врски, Александар Николоски гостуваше во централниот Дневник на телевизија Сител каде што зборуваше и актуелната политичка ситуација во Бугарија која што веќе трета година по ред им се случуваат седми неуспешни парламентарни избори, при што политичките актери за да ги покријат своите неуспеси ја мешаат Македонија.

Николоски посочи дека во Бугарија апсолутно имаат со кого да раговараат, ама тоа не се овие дваесет луѓе кои што предизвикуваат проблеми и за Македонија од кои десет се политичари кои што тонат и десет се историчари кои што не можат да се пронајдат сами себе.

Николоски истакна дека ќе има нови ветришта во бугарската политика, дефинитивно, затоа што седум неисполнети и неуспешни изборни циклуси многу кажуваат.

Осврнувајќи се на писанијата што врвни интелектуалци од Бугарија ги пишуваат во колумни, Николоски истакна дека Бугарија има премиер на кој што народот името не му го знае.

„Тој што сака, ако може и овие избори да не успеат за да остане уште малце премиер. Тоа си е негов проблем, но немој да не злоупотребува нас, немој да ја злоупотребува Македонија, немој да ни прави нас, како држава, проблеми за да остане уште некој ден премиер. Блокираа цела држава, цел народ на патот кон Европската Унија само заради внатрешни политички прашања. Недозволиво е тоа. Ние многу јасно знаееме и кој сме и што сме. Знаеме дека сме Македонци и дека зборуваме македонски јазик, имаме своја засебна ултура, историја. Тоа е тоа, нема померување од таа работа. Ние не им кажуваме на нив кој се и никоша не сме имале таква амбиција, но оваа амбиција да ни кажуваат кои сме, каков јазик зборуваме, каква историја имаме, на на крај сега и политичари да ни бираат, ги поминува сите граници на пристојност“, рече Николоски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во масовното пукање во САД – четворица мртви, 18 ранети

Следно

Земјотрес рано утрово во скопското епицентрално подрачје

Latest from Blog

Паоло Ваноли е нов тренер на Фиорентина

По отказот на Стефано Пиони, Фирентина, која што во моментов е во многу лоша играчка и резултатска ситуација, за нов тренер се одлучи да го ангажира, Паоло Ваноли, некогашниот играч на „Виолетовите“.

Границите во Словенија ќе ги чува војската

Припадниците на словенечката армија од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, кој го дозволува

НАСА: Кометата „3-И / АТЛАС“ забрза и го врти курсот назад во правец на Земјата

Податоците од НАСА покажуваат дека меѓуѕвезденото тело „3-И / АТЛАС“ забрза и малку има отстапено од својата патека откако стигнал до најблиската точка до Сонцето. Во меѓувреме, НАСА има фотографија од вселенското

ЃОРЃИЕВСКИ ЌЕ ДЕЛУВА КАКО ДА Е ДИРЕКТОР НА СЕКОЕ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ Стои зад иницијативата да има отповик на градоначалник

Новиот градоначалник на Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека ќе делува како тој да е директор на секое јавно претпријатие и дека негова ќе биде одговорноста во врска со работењето на претпријатијата. –

Jala Brat и Buba Corelli на барање на македонската публика закажаа втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!

По рекордно распродадениот прв концерт од најавената GOAT TOUR, Jala Brat и Buba Corelli на 28 ноември на барање на македонската публика закажуваат втор концерт во СЦ „Јане Сандански“!  Енергија, хитови и
Go toTop