Стружани се кренаа: Казината и обложувалниците подалеку од децата

September 21, 2024
1 min read

Да се затворат сите казина и обложувалници во Македонија, велат стружани на протест по последниот обид во градот да се отвори уште едно казино  на околу 200 метри од  градинка и основно училиште.

Тие револтирани од најавата за изградба на ново казино во градот во непосредна близина на училиште и факултет бараат државата да го ограничи нивниот број и локациите.

Иако поднеле барање до општината по краток застој изградбата продолжила, но велат дека ќе продлжат да протестираат до затворање на објектите за игри на среќа.

Старосната граница се спушта, велат стружани, а коцкањето станува порок и на деца од 13, 14 годишна возраст, зашто коцкарниците им се премногу достапни.

Само во Струга има околу 50 тина коцкарници и обложувалници.

Штетите и последиците се големи, а состојбата станува алармантна, реагираат стружани и велат на секој чекор може да се сретнат обложувалници и казина во градот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Следно

МЕ РАДУВА КОГА ВЕЛАТ ДЕКА СУМ НАПРАВИЛ ХРАБАР ФИЛМ, РЕЧЕ РЕЖИСЕРОТ ГОЦЕ ЦВЕТАНОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „БИЗНИСОТ НА ЗАДОВОЛСТВОТО“

Latest from Blog

Меџити: Турското образование е важен дел од мултиетничкото општество

Денеска беше одбележан Денот на турското образование, во организација на Основното училиште Тефејјуз, институција со долга традиција во образованието на мајчин јазик. Настанот беше посветен на значењето на турското образование во Северна

Димитриеска-Кочоска: Поддршката од Трезорот на САД клучна за модернизација на јавните финансии

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска одржа работен состанок со Џејсон Винички, заменик-директор за буџет и финансиска одговорност во Канцеларијата за техничка помош (OTA) при Трезорот на САД, на кој беа разгледани активности

Населбата Бел Камен добива нова водоводна мрежа, со што се решава долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

Како што истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по даденото ветување за време на изборниот период, денес започнуваат градежните активности за поставување на нова водоводна мрежа во должина од повеќе од 600 метри, во

Со Ирина Атанаскова: За уметноста да се биде мајка и уметник и за пријателот што го спасува денот

Креативноста не е нешто што може да чека на „кога се ослободат рацете“. За Ирина Атанаскова, позната на социјалните мрежи и во уметничките кругови како тату-артистот Ina Nameless, таа е основна потреба,
Go toTop