Одбележани 80 години од загинувањето на 17 тетовски партизани во мавровското село Беличица и стрелањето на двајца во Тетово

September 21, 2024
2 mins read

Во Тетово денеска беше одбележана 80-годишнината од настаните во 1944 година кога загинале и се убиени 19 тетовски партизани. Седумнаесет од нив се убиени во злосторството во мавровското село Беличица, а двајца партизани Андреа Христоски – Шварц и Младен Симоски – Требош, кои биле заробени два дена подоцна, на 21 септември, се стрелани во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово.

Одбележувањето денеска се одржа во дворот од црквата „Свети Никола“ во Тетово каде се наоѓа и нивното спомен-обележје, пред кое секоја година се оддава почит на жртвите дадени за ослободување од фашистичката окупација. Денес беше извршена и панихида.

-Еве и денеска, на овој ден на Мала Богородица, 21 септември 2024, се собравме како другите минати години, да се потсетиме и да им одададеме почит на Младен Симоски-Требош и Андреа Христовски- Шварц, борци на Третиот Тетовски партизаиски одред, кои на овој датум беа стрелани од страна на балистите на ова место. Сретен Тофилоски, кој имаше девет прострелни рани добиени во село Беличица, беше ослободен од тогашниот командант на балистите со зборовите: „Овој ѓаур куршум не го тепа. Да се однесе на лечење, па да се докрајчи после, посочи во пригодното обраќање и историски час, Јовица Тофиловски.

Тој потсети и на случувањата од 19 септември 1944 година во село Беличица, Гостиварско.

-Борците на Третиот тетовски партизански одред, направија се што беше во нивна моќ за да го одбранат селото од фашистичко-балистичкото насилство. И повеќе од тоа. Се жртвуваа себе си. Ги дадоа своите млади животи спротиставувајќи му се на далеку помногубројниот и подобро вооружен непријател повеќе од шестчасовна борба. И покрај тоа тие им нанеле големи загуби. На бојното поле останаа и животите кои ги положија храбрите момчиња. Тројца партизани беа ранети, а четворица заробени. На боиштето еден покрај друг лежеа работник, земјоделец ученик, Македонец, Албанец, Србин, двајца браќа, нивната сестра, неразделни другари од детството и соученици од тетовските училишта, посочи во пригодното обраќање Јовица Тофиловски.

Организаторите од Сојузот на борци на Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија и граѓаните продолжувачи од Тетово со порака, граѓаните повеќе да ги почитуваат жртвите дадени од македонскиот народ во Втората светска војна.

-Иако се бореа и ги дадоа својот живот за слободата на нашата држава, мислам дека во целост не ја исполнивме нивната цел, нивната оставнина да си ја чуваме нашата држава со сите наши нишани што ги имавме. Поготово, во Тетово во нашиот град, немаме никаква соработка со Општината Тетово. За ниедно чествување, за ниеден празник не ни се излезени во пресрет и остава една горчина за сите нас кои сме следбеници на залогот што го оставија починатите. Би сакала младите, учениците, настојуваме како Општинска организација на Сојуз на борци сите празници кои ни се оставени во аманет да ги испочитуваме и сограѓаните наши да бидат присустни во што е можно поголем број, истакна Лилјана Симовска, претседател на тетовската општинска организација на Сојузот на борците.

Во 1944 година животите ги загубија народните херои Тодор Циповски-Мерџан и Ѓоце Сгојчевски-Амбарче, како и Христо Антевски, Александар Здравковски, Трпе Јовановски-Мишка, Александар Јовановски-Журчин, Борче Кочовски, Љубомир Момировски, Пано Симоски, Саво Тасевски, Благоја Тоскоски-Тоска, сите од Тетово. Загинат е и Мурат Бафтијари од Вејце, двајцата браќа и сестра Драгомир, Љубомир и Љубица Стефановиќ, Боро Вулиќ, Владимир Јањиќ, Михаило Рајчевиќ и Андреа Стојановиќ сите од Брвеница. Во Беличица се убиени и 17 жителите, меѓу кои жени и деца.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Операта со политички и романтичен заплет „Набуко“, вечерва на сцената на НОБ

Следно

Убиени се 41.391 Палестинци во израелските напади врз Газа од 7 октомври, 119 последните 3 дена

Latest from Blog

Лефков: Владата на ВМРО-ДПМНЕ има направено уредување што претходно никогаш не било направено, граѓаните од Кочани имаат само една цел – реалокација односно затворање на депонијата

„Колега Крмов, благодарам најпрво за грижата меѓутоа очигледно е дека позади оваа грижа стои интерес како да се освојат ситни политички поени на еден проблем кој што е навистина горлив и на

Петкоска: Ќе се формира претпријатие за регионална депонија во Новаци, што ќе донесе решение и за Буково

Ве информирам дека задутре во советот на Општина Новаци е закажана седница на која ќе се формира Претпријатие за регионална депонија и врз основа на таа одлука сите општини ќе може да

Порошенко: Третата светска војна веќе почна

Поранешниот украински претседател Петро Порошенко изјави дека иако украинските партнери стравуваат дека војната против неговата земја може да прерасне во трета светска војна, тие треба да се разбудат бидејќи, како што наведе,

Нов закон за спречување на семејното насилство

Додека не сме подготвени да издвоиме пари за имплементирање на стратегиите за спречување насилство врз жени и семејно насилство, да не се лажеме дека превземаме нешто. Направивме нов закон за спречување и
Go toTop