Салиу на Министерскиот состанок за ромската интеграција 2024 во Берлин

September 19, 2024
1 min read

Министерот задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу учествуваше на Министерскиот состанок за ромската интеграција 2024 во Берлин, што го организираше Германската влада.

Образованието, вработувањето, пристапот до здравствени услуги, решавањето на станбените проблеми и справувањето со антициганизмот, беа клучните теми на состанокот.

-Иако Стратегијата е во примена веќе пет години, постојат значајни предизвици кои треба да се надминат. Кога се работи за Ромите, неопходно е да се работи и со Ромите, бидејќи тие најдобро знаат што им е потребно и како може да се подобри нивната состојба. Вклучувањето на Ромите во општествените процеси е клучен момент. Само преку активно учество на Ромите, можеме да постигнеме вистинска интеграција и да создадеме услови за подобар живот, истакна Салиу во обраќањето.

Претставниците од Комисијата за човекови права ја истакнаа важноста на заштитата на човековите права на ромската заедница. Оливер Вархеји од Европската комисија говореше за поддршката од страна на ЕУ за овие напори, додека амбасадорот на Полска, Павел Гроноњ, акцентот го постави на напредокот во подобрувањето на правата на Ромите во Полска. И Марта Гарсија Фидалго од Европската комисија за соседство и проширување ја нагласи важноста на оваа иницијатива.

-Целта на состанокот беше да се направи преглед на досегашните резултати од Декларацијата и да се утврдат следните чекори во критичните области како образованието, домувањето, документацијата за лична идентификација, борбата против дискриминацијата и зголемувањето на вработеноста кај Ромите. Состанокот беше важен чекор за оценување на досегашниот напредок и поставувањето нови цели за идната интеграција на ромската заедница во општествата во регионот, наведува Кабинетот на министерот Салиу.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Муцунски: Ќе продолжиме да работиме на патот кон ЕУ и да испорачуваме резултати

Следно

Израел изврши интензивни напади врз повеќе градови во Јужен Либан

Latest from Blog

Арагчи: Иран го разгледува американскиот план, но не преговара со Вашингтон

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека американскиот план за прекин на војната во моментов се разгледува од највисоките власти во Техеран, но нагласи дека размената на пораки преку посредници

ФИНКИ ја отвори дилемата: Дали интернетот е навистина достапен за сите?

Во време кога дигитализацијата станува стандард, а не избор, прашањето „дали интернетот е навистина достапен за сите?“ доби конкретен одговор на дводневниот настан што се организираше на ФИНКИ, во рамки на проектот

Откриена шема за „ПУЛС“: Лиценците и фирмарината оделе преку „Класик ДМ“ и „ММММ“

На вчерашното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку
Go toTop