Разгорување на огнот

September 19, 2024
1 min read

Израелското разузнавање користело компанија за да достави комуникациски уреди наместени со експлозиви до милитантната група Хезболах, што доведе до смртоносниот напад оваа недела, објави Њујорк Тајмс.

Илјадници луѓе беа повредени, а повеќе од 30 загинаа, меѓу кои четири деца, во вторникот и средата, откако пејџери, воки токи и други рачни уреди што ги користеа оперативците на Хезболах истовремено експлодираа во напад без преседан во Либан. Израел ниту ја потврди, ниту ја отфрли одговорноста за операцијата. Според Њујорк Тајмс, испораките започнале во летото 2022 година во мал број и брзо ескалирале по февруари, кога лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, ја натерал организацијата да се откаже од мобилните телефони. Тој одговараше на серијата насочени убиства на водачите на неговото движење, велејќи им на поддржувачите дека посовремените комуникациски уреди се ранливи на израелските сајбер операции.

За Хезболах, пејџерите биле одбранбена мерка, но во Израел, разузнавачите ги нарекуваа пејџерите како „копчиња“ што може да се притиснат кога ќе дојде време“, пишува весникот. Поранешна шефица на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад Сима Шајн вели дека нападот врз оперативците на Хезболах со помош на пејџери успеа совршено.

Изјава  Сима Шајн, поранешен шеф на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад – Разузнавањето, технологијата и оперативните способности, комбинацијата на тие три фактори ја направи оваа операција успешна. Мислам дека кога ќе го видите големиот број повредени, ќе сфатите дека операцијата била многу прецизна и дека целта била само оперативци на Хезболах, а не цивили. Жал ми е за она што се случи во двата случаја на смрт на деца, но тоа не беше целта.

Генералниот директор на либанската цивилна авијација Фади ел-Хасан издаде директива со која им се забранува на патниците да носат пејџери и воки-токи во кој било авион. Турција пак го обвини Израел дека сака да ја прошири војната од Појасот Газа до Либан. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека „ескалацијата во регионот е алармантна“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители пред пратениците

Следно

Нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети на АД ЕСМ

Latest from Blog

Првата конференција за пазарна експанзија на македонските брендови ќе се одржи во Скопје

„Бизнис Арена 2026“ има јасна цел: да создаде место каде што амбицијата ќе се поврзе со знаење, вистински контакти и реални можности за развој. (Скопје, 20.08.2026) – Првата конференција за македонски брендови

Повлечени млечни производи во Косово, дел стигнувале и во Македонија

Косовските институции во изминатите две недели спроведуваат засилени контроли на млечните производи на тамошниот пазар, откако лабораториски анализи покажале неправилности кај повеќе производи на еден производител, вклучително и присуство на растителни масти,

Лукаку: Минатата сезона ми беше најлошата во кариерата, ме бојкотираа во Наполи!

ФОТО:facebook.com/Fenerbahce/ Поранешниот напаѓач на Наполи, Ромелу Лукаку, кој му се придружи на турскиот гигант Фенербахче, беше жестоко критичен кон својот поранешен клуб. „Минатата сезона беше најлошата година во мојата кариера“, призна белгискиот

ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН? – Трамп се подготвува за средба со Ким, ги прекина и воените вежби

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планира да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун до крајот на годинава. Според пишувањата на медиумите, Трамп веќе побарал од своите соработници да организираат
Go toTop