Туркије: Во Истанбул на затворска казна осудени 37 лица поради шпионажа за израелски Мосад

September 18, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Високиот кривичен суд во Истанбул денес осуди 37 лица за шпионажа за израелската разузнавачка агенција Мосад, јавува Анадолу.

Судот ги осуди Ахмет Корај Озгурун и Алперен Еркут по осум години и четири месеци затвор откако беа прогласени за виновни за „прибирање забранети информации со цел шпионажа“.

Другите 35 обвинети добија по шест години и осум месеци затвор за слично дело.

Кога судот ја објави пресудата, мнозинството од осудените беа присутни или застапувани од нивните адвокати. Пред пресудата адвокатите на одбраната тврдеа дека нема конкретни докази против нивните клиенти и побараа нивно ослободување.

Судот ослободи 19 лица од обвинението за „собирање забранети информации заради шпионажа“ бидејќи немало доволно докази за докажување на нивното дело.

Претходно главниот јавен обвинител на Истанбул во обвинението наведе дека израелската разузнавачка служба користела мобилни апликации за спроведување операции на шпионажа.

Според документот, израелската разузнавачка служба формирала онлајн тим за далечинско прибирање средства, трансфер на пари преку курири и извршување тактички мисии за конкретни операции.

Во обвинението се наведува дека првичниот контакт е направен преку апликации како што се Телеграм, ВатсАп, профили на социјалните мрежи, ЛинкедИн и е-адреси.

Комуникацијата беше строго ограничена на овие апликации, без дозволени видео или гласовни повици. Исто така, наведено е дека плаќањата за овие задачи се извршени со користење меѓународни услуги за трансфер на пари, преку криптовалути, курири.

Детективи биле користени за посложени задачи, а на осудениците, за кои било веројатно дека нема да предизвикаат сомнение, им биле доделувани тактички улоги.

Тие имале задача да менаџираат со групи на ВатсАп, да дизајнираат веб-страници и онлајн весници, да спроведуваат истражување, да префрлаат пари, да документираат фотографии и видеа, па дури и да вршат физички напади, кражби и операции за надгледување.

Од друга страна, детективите имале задача да собираат биографски информации, да спроведуваат истраги, да надгледуваат цели и да пристапуваат до чувствителни информации од државните бази на податоци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Иван Перишиќ потпиша за ПСВ

Следно

Дамева и Нанев се „судрија“ јавно – таа бара негова одговорност, а тој тврди дека го мрази

Latest from Blog

Роџерс повеќе не е менаџер на Селтик

Брендан Роџерс повеќе не е на чело на тимот на Селтик, откако искусниот стратег си поднесе оставка на оваа функција. Дермот Дезмонд, човекот кој што го има најголемиот пакет акции на клубот,

ВИДЕО Ураганот се приближува кон Јамајка: „Ова е последна шанса да ги заштитите вашите животи!“

Најсилната бура оваа година, ураганот Мелиса, се засилува пред да стигне до копно. Моментално е ураган од категорија 5 со ветрови до 184 милји на час, што го прави еден од најсилните

Месечен хороскоп за ноември

Дознајте што ве очекува во ноември 2025 година на полето на љубовта, работата и здравјето. Месечниот хороскоп за ноември 2025 година ве води низ космичките влијанија што го обликуваат вашиот живот во

Дронови и во вториот круг: Јанев дециден, нема толеранција за ниту едно незаконско дејствување

Информација за актуелната безбедносна состојба и за сите предизвици со кои полицијата се соочува на терен во пресрет на вториот круг од локалните избори добил директорот на БЈБ, Александар Јанев. Тој денеска,
Go toTop