Унгарската Влада вели дека пејџерите што експлодираа во Либан никогаш не биле во земјата

September 18, 2024
1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Унгарската Влада денес соопшти дека пејџер уредите што експлодираа во Либан „никогаш не биле во Унгарија“, јавува Анадолу.

Владиниот портпарол Золтан Ковач даде изјава откако тајванската компанија „Голд Аполо“ негираше дека ги произвела пејџер уредите што експлодираа и рече дека тие биле произведени и продавани од унгарската компанија БАЦ Консалтинг КФТ, со седиште во Будимпешта, која имала лиценца за користење на брендот на „Голд Аполо“ за пејџерите.

„Властите потврдија дека компанијата за која станува збор е трговски посредник, без производствена или оперативна локација во Унгарија“, рече Ковач.

„Има еден менаџер регистриран на нејзината декларирана адреса, а споменатите уреди никогаш не биле во Унгарија“, наведе тој.


„Во текот на понатамошните истраги унгарските национални безбедносни служби соработуваат со сите релевантни меѓународни партнерски агенции и организации“, додаде портпаролот.
Тој рече дека случајот не претставува ризик за националната безбедност на Унгарија.

Либанските здравствени власти соопштија дека загинаа најмалку 21 лице, од кои две деца, а повеќе од 3.000 се повредени по експлозиите на пејџери во Либан вчера и денес.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Едмонд Адеми е не-резиздентен амбасадор на Северна Македонија во Андора, му ги предаде акредитивите на Емануел Макрон

Следно

Наградниот фонд на Дијамантската лига достигна рекордни 9.2 милиони долари

Latest from Blog

Што треба да знаете пред да ја купите вашата прва криптовалута

Купувањето криптовалута може да звучи привлечно, особено за нови инвеститори што ги привлекува можноста за високи приноси и сè поголемата популарност на дигиталните средства. Токму затоа Binance Academy им помага на корисниците

Средниот прст на Рафиња, анти-мадридскиот дрес на Јамал и букетот на Педри (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин Синоќешната парада на шампионатот на Барселона по повод освојувањето на титулата во Ла Лига беше исполнета со голем број куриозни моменти кои брзо добија популарност на социјалните мрежи. Во едно

Иран му порача на Трамп: Нема да влезете триумфално во Пекинг

 „Господине Трамп, немојте ни да помислите дека со искористување на моменталното затишје во Иран, ќе можете триумфално да влезете во Пекинг“, изјави Али Акбар Велајати, цитиран од полуофицијалната новинска агенција Тасним во
Go toTop