„Туркије е меѓу првите 10 земји според кибербезбедноста“, изјави турскиот министер Уралоглу

September 18, 2024
2 mins read

АНКАРА (АА) – Министерот за транспорт и инфраструктура на Туркије, Абдулкадир Уралоглу, зборувајќи за кибербезбедноста рече: „Дневно спречуваме повеќе од 400 кибернапади во областа на кибербезбедноста. Ние сме меѓу првите 10 земји во областа на кибербезбедноста“, известува Анадолу.

Министерот Уралоглу беше гостин во уредничкиот деск на Агенција Анадолу (AA), при што зборуваше за актуелните случувања, како во Туркије, така во светот.

Вчера низ Либан се случија експлозии на пејџери (уреди за безжична комуникација), а либанската Влада го обвини Израел дека стои зад инцидентот. Во овие инциденти загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 2.700 луѓе се повредени.

Осврнувајќи се на овој настан, министерот Уралоглу рече: „Пејџерите речиси и не се користат во Туркије. Јасно можам да кажам дека не постои ризик поради комуникациските уреди во Туркије.“

Запрашан за кибербезбедноста на Туркије, министерот Уралоглу одговори:

„Секој ден спречуваме повеќе од 400 напади од аспект на кибербезбедноста. Ние сме меѓу првите 10 земји на полето на кибербезбедноста.“

Коментирајќи го неодамнешното блокирање на пристапот до Инстаграм во Туркије, Уралоглу рече дека секоја земја има свои правила што мора да ги следат платформите за социјално вмрежување, а тоа е случај и со Република Туркије.

Во разговорот со уредниците на АА стана збор и за социјалните мрежи и блокирањето на пристапот до Инстаграм во Туркије, за што министерот Уралоглу рече дека секоја земја има свои правила што мора да ги следат платформите за социјално вмрежување и дека тоа е случај и со Република Туркије.

„Овие компании имаат свои правила, сакале ние или не. На пример, ако не им се допадне објавата што сте ја направиле или пораката што сте ја пратиле, според нивните правила, тие може да ја блокираат. Можат да ја отстранат вашата објава. Можат да ја суспендираат вашата сметка. Ние сме држава. Државите, исто така, имаат правила. Кои правила ќе важат тогаш? Секако, она што е и што треба да биде правилно се државните правила и грижата за општеството“, рече Уралоглу.

Тој додаде дека за време на блокадата разговарале со претставниците на Инстаграм и дека овие разговори сѐ уште се во тек.

„Можам да кажам дека ситуацијата не е таква каква што би сакале. Внимателно следиме. Сите платформи сега го знаат тоа. Туркије е решителна по ова прашање. Кога е потребно, може да преземеме секакви санкции, како што се забрана за рекламирање, намалување на брзината на пристап и евентуално блокирање. Тоа им го покажавме“, рече Уралоглу.

Запрашан за локалниот и глобалниот проблем на заштитата на личните податоци, турскиот министер за транспорт и инфраструктура одговори дека денес во Туркије нема закана или опасност за личните податоци.

Со цел да се заштитат личните податоци, Уралоглу рече: „Денес во Туркије нема ризик од истекување на личните податоци. Оваа агенда се обидуваат да ја креираат на вештачки начин. Сите наши граѓани можат да бидат апсолутно безбедни. Воопшто не станува збор за некакво протекување на информации.“

Министерот за транспорт и инфраструктура Уралоглу се осврна и на проектот за изградба на брз воз Анкара-Измир и истакна:

„Сакаме овој проект да го завршиме на почетокот на 2027 година. Патувањето од Анкара до Измир ќе трае 3,5 часа. Сакаме да ја поврземе Анкара со Истанбул, да изградиме автопат и нова железница за брзиот воз. Започнаа работите на проектот за за супербрзинска линија Анкара-Истанбул на која возовите ќе се движат со 350 километри на час. Патувањето од Анкара до Истанбул ќе трае само 80 минути Почнавме да работиме на проектот што очекуваме да биде завршен во 2034 година.“

На прашањето за Развојниот пат што ќе ги поврзе Ирак и Европа, министерот Уралоглу рече: „Подготовките се во завршна фаза, ги разгледуваме финансиите. Вложуваме напори проектот да го започнеме следната година.“

Во разговорот со уредниците на АА министерот за транспорт и инфраструктура рече дека Туркије работи на сопствени сателитски проекти и ја поддржува работата на компанијата „Бајкар“ на ова поле.

Информирајќи ги уредниците на АА дека сателитот Турксат 6А ќе влезе во својата постојана орбита во октомври, а во функција ќе биде пуштен до крајот на годината, министерот Уралоглу го рече следново: „Сакаме следната година да излеземе со тендер за мрежата 5G, со цел првиот сигнал да го дадеме во јануари 2026 година.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Почина легендарниот италијанскиот фудбалер Тото Скилачи

Следно

Ангелов: Правата на бранителите заглавени во собраниските лавиринти

Latest from Blog

ФИЛХАРМОНИЈАТА СЛАВИ 80 ГОДИНИ СО ПРЕМИЕРА НА ДЕЛО ОД АНА ПАНДЕВСКА, СИМОН ТРПЧЕСКИ ЌЕ СВИРИ ДЕЛО ОД ГРИГ

„80 години – Љубов!“ е насловен славеничкиот коцерт на Филхармонијата, кој ќе се одржи на 28 ноември (20 часот) во чест на 80 години од основањето. На програмата е светска премиера на

Таравари: Функционери на ДУИ се повикуваат во обвинителствата, наскоро ќе се види кои се тие

Министерот за здравство, Арбен Таравари посочи дека има сознанија оти функционери на ДУИ се повикуваат во надлежните обвинителства. Тој не спомена конкретни имиња. – Колку што имам информации, процедурите течат, некои функционери

Мицкоски: Инвестираме низ целата територија на Македонија, започна изградба на детска градинка во Кисела Вода

Сите овие проекти се прават за најмладите, за оние на кои што им е потребно да своите најрани години ги поминуваат во објекти, каков што ќе биде овој за отприлика според рокот,

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. – Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ,
Go toTop