Кипарската Влада донела одлука за електричното поврзување со Грција

September 17, 2024
1 min read

Владата на Кипар на денешната владина седница донела одлука за електричното поврзување со Грција преку проектот „Great Sea interconnector“, објави кипарската новинска агенција ЦНА, повикувајќи се на свои извори, јави дописничката на МИА од Атина.

Официјалните детали за одлуката попладнево ќе ги соопшти надлежниот министер за енергетика, трговија и индустрија Јоргос Папанастасиу.

Кипарското издание на весникот „Катимерини“ пишува дека најверојатно „Владата го одобрила договорот постигнат на министерско ниво за геополитичкиот ризик меѓу Кипар и Грција (50:50 отсто) како и наплата на трошоците на проектот во износ од 25 милиони евра за пет години од Фондот за загадување“, додека пак според истите информации „останува непознато дали одлуката вклучува учество на Кипар во акциите за кабелот“.

Во изминатиот период беа интензивирани дискусиите и консултациите меѓу Кипар и Грција за електричното поврзување, а кипарскиот претседател Никос Христодулидис минатата седмица рече дека „постои напредок во разговорите“.

За четврток е закажана посета на Христодулидис на Грција и средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а доколку се потврдат информациите во кипарските медиуми дека е постигнат договор, тоа ќе значи дека во Атина ќе допатува со позитивна одлука.

Проектот „Great Sea interconnector“ во висина од околу два милијарди евра предвидува поврзување на Кипар со Европа преку Грција, а електричниот кабел во иднина да се прошири до Израел со што ќе биде најдолгиот подморски кабел во светот во вкупна должина 1.208 километри.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Воениот оркестар Мехтер ја одржува во живот оваа култура во нејзината оригинална форма

Следно

Владата усвои информација за изградба и реконструкција на повеќе спортски објекти за оваа година

Latest from Blog

РУСКАТА “ПОДМОРНИЦА НА СУДНИОТ ДЕН“ за прв пат за спушти во морето. Која е нејзината цел?

Најновата руска нуклеарна подморница, поради капацитетот, составот на вооружување и стартешката подвижност е наречена “подморница на судниот ден“ наменета за нуклеарна војна – за прв пат го напушти пристаништето минатата недела. Додека

Драган Даниловски: Дел од заболените и починатите од западнонилска треска се заразиле во Македонија

Разговараше: Ирена МУЛАЧКА Пет смртни случаи и вкупно 43 потврдени од западнонилска треска во Македонија. Тоа засега е црниот исход од епидемијата, која веќе одреден период тресе неколку скопски општини, Кисела Вода,

Млеко со афлатоксин од Косово за малку ќе стигнеше до македонските маркети: запрени 27,5 тони

Повеќе од 27,5 тони УХТ млеко од Косово, наменети за продажба во македонски маркет, биле запрени на граничниот премин „Блаце“, откако лабораториските анализи покажале присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации. Станува

Цело раководство на Партизан си даде оставка, си оди и тренерот Илиќ

Раководството на белградски Партизан и главниот тренер Саша Илиќ ќе поднесат оставка по реваншот против Хетафе, без оглед на резултатот од натпреварот, соопшти клубот од Хумска. Новото раководство ќе го одлучи Собранието
Go toTop