Да не чекаме нови земјотреси за да си ги подобриме односите, порачаа шефовите на турската и грчката дипломатија

February 12, 2023
1 min read

Потсетувајќи на земјотресот во Турција во 1999 година, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече дека и Грција доживеала земјотреси веднаш по таа катастрофа, а дека двете земји си се нашле една на друга во тие тешки моменти. Сепак, порача дека двете земји не треба да чекаат да бидат погодени од нова катастрофа за да ги подобрат односите

Атина и Анкара не треба да чекаат да се случат нови земјотреси и катастрофи за да ги подобрат меѓусебните односи. Ова денеска го заклучиле шефовите на грчката и на турската дипломатија Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу за време на средбата во турската провинција Хатај која беше погодена од земјотресот на 6 февруари.

Чавушоглу, зборувајќи пред новинарите заедно со Дендиас во јужна турска провинција Хатај, ја поздрави поддршката на Грција за неговата земја по разорните земјотреси.

„Присуството на Никос Дендиас овде денес ја покажува солидарноста на Грција и грчкиот народ со Турција и со турскиот народ. Една од првите земји што се јави и понуди помош за Турција веднаш по земјотресот беше Грција. И веднаш испратија тимови за пребарување и спасување и со голем број авиони донесоа хуманитарна помош во Турција“,

изјави министерот за надворешни работи на Турција, додавајќи дека добрососедството е видливо во вакви денови.

Потсетувајќи на земјотресот во Турција во 1999 година, Чавушоглу рече дека и Грција доживеала земјотреси веднаш по таа катастрофа, а дека двете земји си се нашле една на друга во тие тешки моменти.

„Важно е да си помагаме во тешки времиња, но не мора да чекаме нов земјотрес и нова катастрофа за да ги подобриме нашите односи. Се надевам дека ќе се потрудиме да се справиме со нашите разлики на искрен начин и да ги решиме преку дијалог“,

додаде Чавушоглу.

Неговиот грчки колега Никос Дендиас рече дека се согласува оти двете земји не треба да чекаат да се случи нова природна катастрофа за да ги подобрат меѓусебните односи.

Дендиас изрази сочувство до шефот на турската дипломатија за илјадниците луѓе кои ги загубија животите во катастрофалниот земјотрес и додаде дека е неизмерно задоволен од грчките спасувачи во Турција кои помогнале во извлекувањето на луѓето од под урнатините.

„Поддршката на грчката влада за турската влада и турскиот народ нема да заврши тука. Во согласност со инструкцијата што ја добив од премиерот Мицотакис, би сакал да кажам дека Грција ќе продолжи да дава се од себе за да ги надминеме овие тешки денови, како на билатерално ниво, така и на ниво на Европската Унија“,

изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас за време на средбата со својот турски колега.

И покрај вековното ривалство со Турција, Грција беше меѓу првите европски земји што испрати спасувачи и хуманитарна помош, неколку часа по катастрофата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Папата Франциск: Се молиме и размислуваме како можеме да им помогнеме на жртвите од земјотресите во Туркије и Сирија

Следно

Пешевска: Преку хуманитарната акција на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ се собираат средства и ќе испратиме помош за пријателскиот турски народ

Latest from Blog

Запалена викенд куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Пандов

Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации? Ова е цената за удирањето по мафијата, истакна Александар Пандов, директор на Управа за извршување санкции, откако денес беше запален

ВИДЕО: Запалена куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов

Запалена е куќата во скопско Зелениково на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов. Како што вели, ова е цената за удирање по мафијата. „Ова е данокот за нашата борба

Запален домот на Пандов: Ова нема да ме запре, напротив, ќе ме зајакне

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов на социјалните мрежи сподели видео од неговиот запален дом во Орешани. „Ова е данокот за нашата борба за владеење на правото без калкулации?

Мицкоски: Мојата нација направи значителни жртви и реформи, цврсто посветена на нашиот европски пат

Европскиот проект ветува еднаквост, правичност и можности – но, понекогаш, ние доживуваме поинаква реалност. Нашиот народ, гордите македонски граѓани кои ги претставувам, од прва рака ја почувствуваа тежината на двојните стандарди. Мојата
Go toTop