Сиљановска Давкова: Разговорот со Радев беше пријателски и со почит, ни за миг не ги заборавив македонските национални интереси

September 16, 2024
2 mins read

Таа во гостувањето на телевизија Сител вечерва во врска со отсуството на државното знаме за време на средбата со Радев во Софија, рече дека одлучила оти е подобро да не прави скандал и напомена дека одговорност за шефот на протоколот нема да има. Таа најави дека во среда ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, пред неговото заминување во Брисел.

-Јас ги знам протоколарните правила на Бугарија, ги знам и на многу други држави. Знам дека домаќинот го утврдува протоколот, знам дека имало примери кога доаѓале и други државници, меѓутоа не биле истакнати државните симболи. Но, она што мене ме зачуди и не мислам дека беше сторено намерно, е зошто не бев информирана за тоа. Последниот договор бил дека ќе има слика од тет-а-тет средбата, се разбира од ручекот нема да има слика, но јас не знаев дека ќе треба да се сликам и во просторот каде што се одржуваат фото сесиите. Кога тргнавме, мислевме дека ќе одиме во просторија за разговор. Одеднаш, кога влегов во просторијата, ги видов двете знамиња и требаше да размислам што да направам. Едната мисла беше дека можам да си заминам и ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот греши, а не јас. Во тој момент решив дека е подобро сепак да не правам скандал, рече Сиљановска Давкова.

Таа потенцираше дека со Радев имале пријатен ручек, со споменување на проекти, идеи. Тоа, како што рече, бил пријателски разговор, полн со решенија и идеи. Сиљановска Давкова е на ставот дека нема зошто да има одговорност на шефот на протоколот во нејзиниот Кабинет.

-Нема зошто да има одговорност на шефот на протоколот, бидејќи цело утро и амбасадорката и шефот на мојот протокол бараа контакт по телефон со шефот на протоколот на Радев, но тоа не беше можно. Дури ни кога влеговме, ниту на шефот на мојот протокол ниту на амбасадорката не им беше предочено дека според протоколарните правила за овој вид на посета, нема потреба од истакнување на знамето на гостинката, рече Сиљановска Давкова.

На прашање дали во врска со средбата со Радев разговарала со премиерот Христијан Мицкоски, претседателката рече дека уште не разговарала со премиерот, но ќе се видат пред неговото заминување во Брисел.

-Не сум разговарала се уште со Мицкоски, ќе се видам со него пред неговото заминување во Брисел. Во среда ќе се видам со Мицкоски. Јас одговорно тврдам дека во текот на тет-а-тат средбата и во текот на ручекот со Радев имаше жесток дијалог, ама дијалогот не беше насочен кон проблемите и несогласувањата, туку кон тоа што може да направиме заедно со првиот сосед и дека оваа средба беше прв чекор кон тоа, рече Сиљановска Давкова.

Прашана дали очекува промената на членовите во историската Комисија да влијае на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, претседателката рече дека не е добро науката да функционира под капата на политиката.

-Не е добро науката да функционира под капата на политиката. Мислам дека се заканува политизација на процесот. Не можам да ја оценувам работата на претходната Комисија и што ќе прави сегашната, но никогаш нема штета од научен разговор, додаде Сиљановска Давкова.

На прашање дали претседателката почна да го користи уставното име на државата, таа одговори дека придавките сами по себе ништо не значат, суштината е државата Македонија.

-Јас не негирам. Владата е реална или тоа е реален оптимизам и ја признава реалноста. Реалноста е отсликана во името на документите, називот на Кабинетот на претседателот. Јас тоа го признавам. Она што би сакала, е кога некаде ќе се напише или ќе се каже Република Македонија мора во фуснота да се каже дека е името сменето во 2019 година. Дури ни законите немаат ретроактивно дејство, а камоли име. Јас не сум се родила во Северна Македонија и сакам да ми напише некој оти тоа е многу коректно, додаде Сиљановска Давкова.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Најнеобичните гинисови рекорди во светот

Следно

Какво време не очекува утре и во следните денови?

Latest from Blog

Стојаноски: СДС претставува дефиниција за машина која произведува мизерија и единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

„Водите опозициони политики исто како што водевте политики кога бевте на власт. Со лажење и манипулирање, но заборавате една важна работа а тоа е дека на лагата и се кратки нозете. Не

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски започна со асфалтирањето на УЛИЦА 1, главната артерија во Визбегово

Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски денеска ја започна реализацијата на еден од најголемите инфраструктурни проекти во населбата Визбегово, со што започна целосната реконструкција на УЛИЦАТА 1, една од главните артерии што

Земјите од ОН не можат да постигнат договор за намалување на загадувањето од пластика

Претставници од 175 земји се собраа во Бусан, Јужна Кореја, на петтата рунда преговори за меѓународен договор за намалување на пластичното загадување на планетата. Сепак, тврдоглавите поделби не влеваат оптимизам за можноста

Почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј

По кусо боледување денеска на 73 години во Скопје почина Митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј. Владиката Тимотеј кој ја вршеше и функцијата портпарол на Синодот на Македонската православна црква, починал во болница каде

Ердоган: Побеснетата влада на Нетанјаху е како сериски убијци кои уживаат да убиваат

ИСТАНБУЛ (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес ги осуди постапките на израелската Влада и ги пофали Палестинките за нивната храброст и издржливост, јавува Анадолу. „Побеснетата Влада на (Бенјамин) Нетанјаху брутално
Go toTop