„Играњето со оган има свои последици“, реагираше Кремљ на обидот за атентат на Трамп

September 16, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Кремљ денес соопшти дека „играњето со оган има свои последици“ во врска со извештаите за поврзаноста меѓу Украина и осомничениот за очигледниот обид за атентат на републиканскиот кандидат и поранешен американски претседател Доналд Трамп што се случи вчера, известува Анадолу.

„Не е на нас да размислуваме за тоа, туку на американските разузнавачки агенции. Во секој случај, играњето со оган има свои последици“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на брифингот со новинарите на прашањето дали Кремљ ги разгледал овие поврзувања.

Истакнувајќи дека Русија внимателно го следи развојот на настаните во Соединетите Американски Држави (САД), Песков рече дека ситуацијата околу претседателската трка е „напната“.

Тој го негираше мешањето на Русија во ситуацијата во земјата.

За нападот врз Трамп во неговиот голф-клуб во Вест Палм Бич, Флорида, американското Федерално истражно биро (ФБИ) објави: „Изгледа станува збор за обид за атентат.“

Официјални лица за спроведување на законот во Флорида им кажаа на новинарите дека уапсиле осомничен, кој го забележале агентите на американската тајна служба, со пушка АК-47 пред голф-клубот на Трамп.

Осомничениот е идентификуван како Рајан Весли Рут (58) од Хаваи, објавија „Њујорк тајмс“ и „Фокс њуз“, цитирајќи неименувани службеници од органите за спроведување на законот.

Претходно за „Њујорк тајмс“ Рут има изјавено дека заминал во Украина набрзо по започнувањето на „специјалната воена операција“ на Русија во февруари 2022 година за да ги охрабри луѓето да се борат за земјата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Стојаноски: Добрите економски односи меѓу Македонија и Германија продолжуваат и во иднина

Следно

Кошаркарската федерација конечно закажа комеморација за Лазар Лечиќ

Latest from Blog

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат
Go toTop