Таравари: До крајот на годината трајни вработувања за половина од здравствените работници со договори

September 16, 2024
1 min read

Во јавното здравство скоро 2 500 лица се со договор за работа. Нашата тенденција ќе биде до крајот на годината да им дадеме решенија барем на дел од нив, се надевам на барем половината, ако изнајдеме решение со постоечкиот буџет, а за оние што ќе останат, ќе видиме идната година, рече денеска министерот за здравство Арбен Таравари.

Одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на новиот микроскоп во државната Очна клиника, Таравари информира и дека најверојатно до крајот на годината ќе се вработат првите 300 доктори – специјализанти.

– Ќе почнеме од октомври – ноември со апликации и се надевам дека до крајот на годината ќе се вработат првите 300 доктори – специјализанти. Досега се пријавени околу 480 од вкупно 640. Здравството ќе има плус решенија за минимум уште 500 доктори, подвлече министерот.

Според него, мора да се применува праксата на вработување квалитетни кадри, а не по партиски клуч. Треба да се примаат медицински лица, нагласи Таравари, врз основа на нивното знаење, а не врз основа на тоа дали е некој Македонец, Албанец, Турчин…

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Донарума се повреди, нема да брани за ПСЖ на дуелот против Џирона во ЛШ

Следно

Втор уписен рок на Факултетот за ветеринарна медицина

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop