Веќе 346 дена траат израелските напади врз Газа во кои се убиени 41.226 Палестинци

September 16, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Бројот на Палестинци кои се убиени во нападите што израелската Армија ги изврши врз Појасот Газа од 7 октомври 2023 година се зголеми на 41.226, известува Анадолу.

Палестинското Министерството за здравство во Газа објави информации за нападите што Израел ги извршува врз Појасот Газа веќе 346 дена.

Во соопштението се наведува дека израелската Армија извршила 3 масакри во различни делови на Појасот Газа во последните 24 часа. Во овие напади убиени се уште 20 Палестинци, а 76 се повредени.

Бројката на убиени Палестинци во нападите на Израел врз Појасот Газа од 7 октомври досега се зголеми на 41.226, додека бројот на повредени изнесува 95.413.

Во соопштението се повторува дека сѐ уште има мртви луѓе под урнатините и на патиштата, но дека медицинските тимови и претставниците на цивилната одбрана не се во можност да стигнат до телата поради израелските сили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Марков: Исцрпени договори за набавка, ТОАРИЛУЦ е оставена без основни средства и опрема, а пари се трошеле за ангажирање луѓе со договор на дело без согласност од МФ

Следно

Донарума се повреди, нема да брани за ПСЖ на дуелот против Џирона во ЛШ

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop