ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Филипче кој местеше тендери, работеле и останатите од СДС и ДУИ, неправилности се констатирани во 19 од 24 јавни здравствени установи

September 16, 2024
1 min read

СДС и ДУИ и во здравството гледале само бизнис. За криминалните тендери на Венко Филипче јавноста е запознаена, но не само тој на централно ниво, туку така се однесувале лицата од СДС и ДУИ и по поединечни јавни здравствени установи, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Контролите спроведени од надлежни институции во јавните здравствени установи покажуваат огромен број на неправилности. Од контроли во 24 јавни здравствени установи неправилности се утврдени во 23 и тоа во делот на јавни набавки. Оттука неправилности се констатирани во клиниките за Максилофацијална хирургија во Скопје, за Урологија, за радиологија за Нефрологија, за психијатрија, потоа во здравствените домови во Гостивар, во Ресен, во Струга, во Делчево, во Демир Хисар, во Велес, Пробиштип, како и во Клиничка болница во Тетово, во Институт за јавно здравје Скопје, во Општа болница во Струга, Општа болница во Струмица, Општа болница со проширена дејност во Дебар, Центар за јавно здравје во Скопје, Специјализирана болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо во Охрид, истакнуваат од владејачката партија.

Власта предводена од СДС наместо за пациентите и здравствениот персонал се грижела за местење тендери. Одговорност ќе има за секое незаконско работење, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Септемвриско заседание на Европскиот парламент

Следно

„Вакциналниот скептицизам“ ќе донесе епидемиско ширење на морбили, ковид и грип, тврди доктор Даниловски

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop