Оркестриран напад од грчки и бугарски медиуми кон македонскиот премиер Мицкоски

September 15, 2024
1 min read

Грчкиот весник Етнос објави текст со наслов ,,Mицкоски: Мојата земја ќе ја нарeкувам Македонија” во кој се обвинува македонскиот премиер дека ја провоцира Грција.

-Продолжуваат провокациите од Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, кој повтори дека ќе ја нарекува својата земја „Македонија“, повикувајќи се на неговото „човеково право“. „Ова го претставува моето право на (слободно) изразување. Јас го кажав ова. Онаму каде што е потребно да се почитуваат Уставот и законите морам да ги почитувам. Дали ми се допаѓа или не е друга работа. Дали ми се допаѓа или не, можам да кажам на друго место. Додека ја вршам оваа функција, каде што Уставот и законот мора да се почитуваат (…) Вака стојат работите. Но, моето право на слободно изразување, правото на (слободен) говор е неотуѓиво право. И, да, го користам терминот Македонија и ќе го користам терминот Македонија, бидејќи тоа е мое човеково право и никој не може да ми го одземе“, се цитира дел од изјава на Мицкоски дадена во интервју.

Сосема на крај грчкиот весник ја пренесува и изјавата на Мицкоски за Договорот од Преспа: „Јас бев еден од оние политичари кои пред пет години кажаа дека тоа е реалност, но дека е лошо, штетно, да, пак ќе кажам.

Со идентичен наратив Мицкоски беше нападнат и од грчкиот весник Прото Тема со наслов „Мицкоски повторно предизвикува: Го користам и ќе го користам терминот Македонија, тоа е мое право“.

Со истите зборови Мицкоски го напаѓаат и телевизите „Скај“ и „Мега“.

РЕАКЦИИ ПО САМИТОТ НА НАТО

Ова не е прв случај на оркестриран напад од грчките медиуми насочен кон премиерот Мицкоски. Првите реакции од медиумите од јужниот сосед дојдоа веднаш по самитот на НАТО.

Премиерот на Северна Македонија Христијан Мицкоски, својата земја ја нарече – Македонија, а неговата влада – македонска влада, се велеше во забелешките на грчките медиуми кои излегоа со реакции веднаш по говорот на македонскиот премиер на Самитот на НАТО во Вашингтон.

Тогаш на ваквите написи претходеше и изјавата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој истакна дека е сериозно загрижен од тоа што новата влада на Северна Македонија во внатрешната комуникација сè уште се нарекува Република Македонија.

ПО ГРЧКИТЕ ВО ОРКЕСТРИРАН НАПАД И БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ

Што се однесува до Бугарија и бугарските медиуми, најмногу ги погоди најавата на Мицкоски дека овој месец ќе оди во Брисел да го презентира предлогот за уставни измени со одложено дејство.Македонскиот премиер има дециден став дека Македонија не може да го исполни барањето без да има гаранции дека тоа е последно барање и дека потоа нема да има нови и нови услови од Софија.

Повикан за ова се најде поранешниот амбасадот во Македонија Ангел Димитров и актуелен претсадател на бугарската комисија за историја.

Тој смета дека т.н француски предлог не е бугарски туку европски став.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Запалени три возила во Расадник

Следно

Ива Младеновска на 17-годишна возраст дебитираше во ЛШ

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop