Бројот на загинати во тајфунот Јаги во Мјанмар се искачи 163

September 15, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Бројот на загинати во силниот тајфун Јаги во Мјанмар се искачи на 163, објавија денес државните медиуми, пренесува Анадолу.

Повикувајќи се на властите, „Глобал њуз оф Мјанмар“ објави дека околу 74 лица се потврдени за мртви, додека уште 89 се водат за исчезнати од невремето, кое ја погоди земјата минатиот викенд.

Операциите за пребарување и спасување се во тек, поплавите уништија над 65.000 куќи, 24 мостови, 375 училишта и пет брани, а повеќе од 235.000 луѓе се раселени.

Поплавите предизвикани од врнежите од дожд поплавија големи делови од обработливото земјиште во централните делови на земјата, како и во околината на престолнината Најпидау.

Одрони се случија во неколку ридски области, кои оштетија патишта и мостови, како и телефонските и интернет линиите.

Јаги, најсилната бура што го погоди регионот во последните три децении, досега ги зеде животите на вкупно 350 луѓе во Виетнам, Лаос, Тајланд и Мјанмар.

Воената хунта на Мјанмар веќе упати ретко барање за странска помош за справување со поплавите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Грчка авиокомпанија ги укинува летовите меѓу Скопје и Сараево

Следно

Истрагата се шири, шемата е откриена: Над 8 милиони евра од Еуростандард банка се префрлани во Турција, случајот стигнува и до Заев

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop