Израелски семејства: Проширување на војната во северен Израел без постигнување договор е смртна казна за заложниците

September 15, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Семејствата на израелските заробеници изјавија дека проширувањето на воената операција во северен Израел без финализирање на договорот за размена на заложници со Хамас е смртна казна за заложниците во Појасот Газа, пренесува Анадолу.

„Сѐ додека Нетанјаху е на власт, војната ќе трае засекогаш“, рекоа семејствата на собир во Тел Авив, јави весникот „Хаарец“.

„Проширувањето на војната на север без договор е смртна казна за нив (заложниците)“, порачаа тие. „Нетанјаху одлучи да го префрли фокусот на север и да ги напушти сите заложници во тунелите на смртта“.

Израел моментално држи најмалку 9.500 палестински затвореници во своите затвори, додека се проценува дека 101 Израелец се држи во Газа. Хамас соопшти дека десетици заложници се убиени во израелските воздушни напади.

Индиректните преговори меѓу Тел Авив и палестинската група на отпорот достигнаа критична фаза, бидејќи Нетанјаху останува посветен на продолжување на војната во Газа и контрола на клучните области на југот и центарот на енклавата, како што се Филаделфискиот коридор и коридорот Нецарим.

Хамас, од друга страна, бара целосно израелско повлекување од Газа и враќање на раселените без ограничувања.

Израел ја продолжува својата брутална офанзива врз Газа по нападот во октомври минатата година од страна на Хамас, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, која бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 41.200 Палестинци, главно жени и деца, а над 95.200 се повредени.

Израелската офанзива го расели речиси целото население во Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.

Израел се соочува со обвинувања за геноцид за неговите акции во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Студено утро во цела Македонија: На ОВА место измерени три степени, а еве каде наврна најмногу дожд

Следно

Стојаноски: Контролите констатирале голем број нерегуларности при јавни набавки на многу клини и здравствени домови, одговорност ќе има

Latest from Blog

Иран почна масовна мобилизација

Иран влегува во нова фаза на воена и цивилна мобилизација додека војната со САД и израел влегува во седмиот месец – стотици илјади луѓе веќе се пријавиле за обука, а властите подготвуваат

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека
Go toTop