Во Москва започна медиумскиот самит на БРИКС

September 14, 2024
1 min read

МОСКВА (АА) – Во Москва денес започна Медиумскиот самит на економската групација БРИКС, на кој присуствуваат 120 директори на странски медиуми од 60 места од 47 земји, меѓу кои и Јусуф Озхан, заменик-генерален директор и главен уредник на Агенција Анадолу.

Самитот ќе се фокусира на улогата на медиумите во земјите од БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, заедно со Иран, Египет, Етиопија и Обединетите Арапски Емирати, во поттикнувањето на стабилноста и соработката во мултиполарниот свет.

Како претседавач со БРИКС за 2024 година, Русија е домаќин на настанот за прв пат, пред Самитот на шефови на државите од БРИКС следниот месец кој ќе се одржи во Казан, Русија. Новинската агенција ТАСС ја предводеше иницијативата за медиумскиот самит, со цел да го подигне профилот на форумот и да ја истакне неговата поврзаност со претстојниот државен самит.

Одлуката Москва да биде домаќин на самитот за медиуми беше одобрена за време на форумот во 2023 година во Јоханесбург, Јужноафриканската Република.

На Самитот присуствуваат медиумски лидери од земјите членки на БРИКС, држави кои сакаат да се приклучат на БРИКС, како и долгогодишни партнери на ТАСС од азиско-пацифичкиот регион.

Вкупно се очекуваат надд 150 присутни на настанот во Москва.

Изложбата на фотографии на БРИКС, главен дел од медиумските форуми, ќе биде промовирана како дел од програмата на Самитот за медиуми.

На изложбата ќе бидат претставени најдобрите фотографии од водечките медиуми во земјите членки на БРИКС, кои ја слават културната и цивилизациската различност на земјите од БРИКС и поширокиот свет.

БРИКС, основан во 2009 година во кој членки се Бразил, Русија, Индија и Кина, ја додаде Јужноафриканската Република како земја членка во 2011 година, со својот акроним формиран од првите букви на имињата на земјите членки.

Во декември 2023 година на БРИКС се приклучија уште неколку земји, но групата одлучи да го задржи називот БРИКС.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и понатаму е против општините водени од СДС на кои не им пречеа унгарските пари

Следно

„Леле луѓе што направивме“ – поминаа 13 години од тројката на Владо Илиевски (ВИДЕО)

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на
Go toTop