Агелер: Одлично е што претседателката Сиљановска Давкова оди во Софија на средба со Радев, важни се односите со соседите

September 13, 2024
1 min read

Амбасадорката на САД Анџела Агелер смета дека е добро што претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утре ќе оди во Софија каде, според бугарските медиуми, се очекува да се сретне со претседателот на Бугарија, Румен Радев. 

Агелер во вечерашното гостување во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека колку државите соработуваат како соседи, толку поголем ќе биде напредокот за сите граѓани. 

– Според мене е одлично што претседателката оди во Бугарија на покана на претседателот Радев. Овие врски во регионот се многу важни, бидејќи сте соседи. Колку се посилни односите меѓу соседите, толку побезбедна, попросперитетна и стабилна може да биде секоја земја, рече Агелер.

Во однос на именувањето на нови членови на Историската комисија со Бугарија, Агелер вели дека историјата е важна, но дека исто толку е важно да се разговара и за иднината. 

– Една од работите што ги разговарав и со претходната влада и сега со оваа нова Влада е тоа дека историјата е многу важна, таа не дефинира сите нас. Нашата историја како држави не донесе таму каде што сме денеска. Не само што е важно да се разговара за историјата, знам дека ова е дел од билатералните и меѓународните договори, исто така е важно да се разговара и за иднината. Мојата основна надеж е дека како што зборуваме за споделената историја која Северна Македонија ја има со своите соседи, посебно со Бугарија, исто така зборуваат како ќе одиме напред во однос на транспортот, енергетиката, образовните размени… се надевам дека не гледаат само во историјата, туку дека гледаат и кон иднината, рече Агелер.

Во однос на изборите во САД и каква ќе биде поддршката по изборот на новиот американски претседател, Агелер рече дека без разлика на исходот од изборите, САД ќе останат силен пријател, сојузник и партнер на земјава. 

– Нашето пријателство и поддршка нема да се променат. Тоа ќе остане цврсто и може да ве уверувам дека додека сум овде како амбасадор ќе направиме се што можеме да ги поддржиме програмите на кои напорно работевте дури од независноста, рече Агелер. 

ИЗВОР: racin.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Исмаел Бенасер се повреди и ја заврши годината

Следно

„Танец“ тргнува на балканска турнеја

Latest from Blog

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер

Дивоградбите остануваат државен проблем: Лани регистрирани 911 нови бесправно изградени објекти

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.

Гаши-Папуашвили: Во периодот што следи да се интензивира соработката меѓу двете држави

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, кој од 30 јуни до 1 јули 2026 г. е во официјална посета на Грузија, денеска имаше средба со претседателот на Парламентот на
Go toTop