Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

September 12, 2024
1 min read

Согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување на долгорочен и одржлив систем за управување со отпад, МЖСПП подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина.

НСУO 2024-2036 ја претставува националната политика за управување со отпад во Македонија и претставува почетна точка за подготовка и имплементација на интегриран и економичен систем за управување со отпад усогласен со националното и ЕУ законодавство и барања за отпадот. НСУO ги поставува насоките за правилно управување со цврст отпад (УЦО) за следните 12 години заснован на принципите на одржливост и служи како основа за управување со сите текови на отпад.

Општата цел на НСУО 2024 – 2036 е да развие одржлив, интегриран систем за управување со отпад со цел зачувување на ресурсите, заштити на здравјето на населението и превенција и намалување на негативните влијанија врз животната средина, намалување на емисиите на стакленички гасови и деградацијата на земјиштето.

Нацрт стратегијата и Извештајот за стратегиска оцена се достапни на интернет страната на МЖСПП, во делот на “Соопштенија” (www.moepp.gov.mk), како дел од јавниот увид (19.09.2024 – 19.09.2024). Со цел пошироко вклучување на заинтересираната и засегната јавноста, беа организирани 6 јавни расправи во земјата (Тетово, Штип, Струмица, Охрид, Битола и Скопје).

Сите заинтересирани можат своите забелешки и коментари да ги достават до МЖСПП согласно инструкциите дадени на посочената интернет страна.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Цените на храната во светот паѓаат, а на четиричлено семејство во Македонија одвај му стигнуваат 22.000 денари за храна

Следно

Живот меѓу мртвите: Гробиштата во Манила се дом на 6.000 Филипинци

Latest from Blog

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер

Дивоградбите остануваат државен проблем: Лани регистрирани 911 нови бесправно изградени објекти

Бесправната градба и натаму останува еден од најголемите урбанистички и институционални предизвици во Македонија. И покрај тоа што процесот на легализација започна пред повеќе од една деценија со цел трајно да се

Во случај на отказ, Нагелсман ќе добие 14 милиони евра!

ФОТО:.facebook.com/DFBTeamEN/ Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман, се обезбеди во случај да добие отказ по Светското првенство. Тоа лесно може да се случи, бидејќи четирикратните светски шампиони веќе беа сопрени во 1/16 финалето.
Go toTop