Муцунски во работна посета на Кралството Шпанија – работна средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено

September 11, 2024
1 min read

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во работна посета на Кралството Шпанија, каде оствари средба со неговиот домаќин, шпанскиот Министер за надворешни работи, Европска унија и соработка, Хозе Мануел Албарес Буено, соопштија од министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

На средбата биле поздравени пријателските врски меѓу двете земји кои оваа година одбележуваат значаен јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи и беше нагласено задоволството од досегашниот развој на билатералната соработка со истакнување на заемните заложби за натамошно зацврстување на пријателските врски и потребата од искористување на потенцијалот за интензивирање на соработката.

Министерот Муцунски го запозна својот шпански колега со преструктуирање на министерството, новите надлежности, можностите за инвестирање во државата, како и потенцијалот за продлабочување на соработката во повеќе области.

Потенцирајќи ја важноста на политичката поддршка за интеграциите, министерот Муцунски изрази благодарност за недвосмислена заложба на Шпанија за евроинтеграциите на нашата држава, како и задоволство на цврстото партнерство во рамки на НАТО Алијансата. Говорејќи за евроинтеграциите на Република Северна Македонија, тој нагласи дека новата влада ги знае обврските што следуваат со процесот на интеграција и посветено работи на спроведување на неопходните реформи.

Истакнувајќи го задоволството од посетата на министерот Муцунски и зборувајќи за реформите кои во изминатиот период ги спроведе земјава, министерот Албарес Буено ја потврди шпанската поддршка за евроинтеграциите, притоа ја потенцираше неопходноста за забрзување на интеграциите на државата во ЕУ. Од негова страна беше изразено задоволство за цврстото партнерство во рамки на НАТО и придонесот на Република Северна Македонија во контекст на регионалната стабилност.

Двајцата министри се согласија дека политичките и дипломатски односи помеѓу двете земји и во иднина ќе продолжат да се градат во духот на разбирањето и пријателството. Во таа насока, во следниот период двете страни ќе работат на унапредување на економската и културната соработка, промоција на спортската дипломатија, а со посебно внимание ќе се разгледа и можноста за воведување директна авиолинија помеѓу двете земји.

На средбата стана збор и за организирање на бизнис форум на кој ќе се разгледаат можностите за економска соработка помеѓу двете земји. Министрите разменија мислења и за воениот конфликт во Украина, како и политичката состојба во регионот.

Во рамки на посетата на Кралството Шпанија предвидено е министерот Муцунски да се сретне и со членови на комисијата за надворешна политика на Сенатот на Шпанија, со потпретседателот на Шпанската конфедерација на бизниси (CEOE), Inigo Fernandez de Mesa, како и да има свое обраќање на Кралскиот Институт El Cano на тема “ЕУ интеграции како императив за безбедност, стабилност и развој на регионот на земјите од Западен Балкан”. Покрај тоа планирано е Министерот Муцунски да присуствува на Свечен прием организиран по повод 8 септември – Денот на независноста.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Албанија: За шест месеци рекордни 1,9 милијарди евра од туризам

Следно

Тошковски: Треба да зборуваме за работи кои не обединуваат, а не кои не разделуваат

Latest from Blog

Роналдо потврди: Ова ми е последен Мундијал!

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/ Светското првенство во 2026 година ќе биде последното за Кристијано Роналдо. Капитенот на Португалија потврди дека ова СП навистина ќе биде негово последно. Пред осминафиналниот натпревар со Шпанија, закажан за понеделник,

Руски воени бродови пристигнаа во Кина; Наскоро треба да започнат заеднички вежби

Веста беше објавена во недела од страна на кинеското Министерство за одбрана и руските државни медиуми, објави Ројтерс. Во соопштението се наведува дека вежбите се одржуваат секоја година „со цел заедничко справување

Голем пожар во Кисела Вода

Голем пожар избувна попладнево во објект на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, а густ црн чад се гледа од повеќе делови на главниот град. Директорот на Дирекцијата за заштита и

Дензел Дамфрис е нов играч на Реал Мадрид

Тимот на Реал Мадрид денеска и официјално го промовираше, Дензел Дамфрис за свој нов играч. Десниот бек досега беше дел од тимот на Интер, а од Мадрид одлучија да ја платат откупната

Нежната срна спасена, но со тешки последици сега живее на село, со мало јаре спасено од колење

Срната била пронајдена во житно поле во Кичевско, од двајца работници на ЕВН, со две речиси пресечени нозе и една тешко повредена. Според Здружението за заштита на животните „Анимал рескју проект“, некој
Go toTop