ФОТО: Дејан Чиплаковски поставен за командант на 1 Пешадиска бригада

September 11, 2024
1 min read

Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денес, се одржа воена свеченост по повод прием на должноста командант на 1.пешадиска бригада од составот на Командата за операции (КО).

Со укази на претседателката и врховен командант на вооружените сили Гордана Сиљановска Давкова  во чин бригаден генерал е унапреден полковник Дејан Чиплаковски и поставен за командант на 1.пешадиска бригада. Бригадниот генерал Дејан Чиплаковски претходно ја извршуваше должноста началник на Центарот за изработка на доктрини, правила, упатства и научени лекции во Командата за обука и доктрини, а во текот на неговата воена кариера извршувал повеќе командирски и штабни должности.

АРМ

На денешната свеченост се обратија началникот на штаб во Командата за операции (КО), бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и новопоставениот командант на 1.пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски.

„Да се биде командант на единицата која претставува гордост на Армијата и која е распространета низ целата територија на државата е повеќе од предизвик. Тоа значи да чекориш смело соочувајќи се со вистински предизвици, да решаваш сериозни проблеми, да менаџираш со многу процеси, да обезбедиш непрекинато функционирање на системот за командување и контрола, но пред сè да се грижиш за високиот степен на борбена готовност“, рече генералот Ѓоргоски во своето обраќање пред присутните.

Генералот Ѓоргоски честитајќи му ја должноста на новиот командант на бригадата порача да продолжи да ја води бригадата кон нови високи дострели, како што тоа го правеа сите негови претходници, применувајќи ги знаењата, вештините и стекнатото искуство притоа земајќи ја предвид ја мотивираноста на луѓето, кои се најголемиот капитал не само на бригадата, туку и на Армијата во целина.

АРМ

Бригадниот генерал Дејан Чиплаковски во својот говор изрази благодарност до државното и военото раководство, како и до сите поранешни и сегашни претпоставени кои со своето знаење, искуство, поддршка и менторство го водеа низ војничката кариера .Тој во своето обраќање потенцираше дека активно ќе работи согласно уставот и законите и ќе даде максимален придонес за зачувување на слободата и сувереноста на нашата земја.

Со церемонијалното предавање на военото знаме на единицата, кое го изврши бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, се изврши и официјално приемот на должноста, командант на 1.пешадиска бригада.

На денешната свеченост покрај началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски и заменик-министерката за одбрана, Елфете Исмаили, присуствуваа началникот на штаб, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, активни и пензионирани генерали на Армијата, претставници од Армијата, Министерството за одбрана, воено дипломатскиот кор и поранешни команданти на единицата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кому му смета запирање на прекројувањето на македонската историја, кога историчарите станаа политичари

Следно

Струмичани се возеа во новите електрични автобуси

Latest from Blog

Коњановски: Три нови спомен-соби за музиката, историјата и културното наследство на Битола

Музичка соба, Градска соба и Соба посветена на историјата на Офицерскиот дом се трите нови тематски простори што Битола ги отвори во чест на професорот Александар Стерјовски. Отворањето е дел од четвртоноемвриската

Трафигура, мнозински сопственик во проектот за рудникот „Иловица–Штука“, инвестира над една милијарда долари во американски рафинерии

Трафигура, мнозински сопственик на Еуромакс Ресоурцес, компанијата концесионер на проектот за рудникот Иловица–Штука, склучи стратешки договори со американската компанија CVR Energy за поддршка на нејзиното планирано преземање на две рафинерии во САД.

Проданоски: Честит 3 Ноември, вечна почит за хероите што ни оставија слободен Прилеп

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, упати честитка по повод 3 Ноември – Денот на ослободувањето на градот, оддавајќи почит на борците и повикувајќи на заедничка работа за подобри услови за живот и

ЖРСМ Транспорт: Препораките на ревизорите ги претвораме во конкретни мерки

ЖРСМ Транспорт АД – Скопје со целосна институционална одговорност постапува по препораките содржани во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија. Препораките ги прифаќаме како важна основа за унапредување на законитоста, транспарентноста,

Општина Битола: Промовиран филм за музичкото наследство на Ајри Демировски

Документарниот филм „Битола, мој роден крај“, посветен на животот, творештвото и споменот на Ајри Демировски, синоќа беше промовиран во рамките на програмата „Сите бои на сеќавањето“, со која се одбележува Денот на
Go toTop