Најмалку седуммина загинати во најновите израелски напади врз Газа

September 10, 2024
1 min read

ГАЗА (АА) – Најмалку седуммина Палестинци загинаа во најновото израелско бомбардирање врз Појасот Газа, соопшти Агенцијата за цивилна одбрана, јавува Анадолу.

Четири лица ги загубија животите, а повеќемина се повредени кога израелски борбен авион погодил штанд за храна во Ал-Шова, источно од градот Газа, изјави портпаролот Махмуд Басал за Анадолу.

Уште три лица загинаа во израелско гранатирање врз јужниот град Рафа, додаде тој.

Цел на артилериските гранатирања биле и населбите Зејтун и Ал Сабра во градот Газа, но сè уште нема информации за жртви.

Новите напади се случија неколку часа по убиството на најмалку 40 Палестинци и десетици повредени во израелските воздушни напади врз шаторскиот камп во Кан Јунис во подрачјето на Ал-Маваси, кој Израел го означи како „хуманитарна зона“ за раселените цивили во Газа.

Израел продолжува со бруталната воена офанзива врз Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 41.000 Палестинци, главно жени и деца, а 94.800 се повредени.

Воената офанзива и континуираната блокада на енклавата доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а голем дел од регионот е во урнатини.

Израел се соочува со обвинувања за геноцид за неговите акции во Газа пред Меѓународниот суд на правдата.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Јаневска: Образованите асистенти постепено се комплетираат во основните училишта

Следно

Турските сили неутрализираа 13 терористи на ПКК/ЈПГ во Северна Сирија и Северен Ирак

Latest from Blog

Издадено предупредување: Русите подготвуваат пекол (ВИДЕО)

„Постојат многу непријатни информации за подготовка на уште еден масовен руски напад. Постојат разузнавачки информации и веднаш по нашата прес-конференција ќе се вратам во Украина со мојот тим многу наскоро“, рече Зеленски

Кој е новиот министер за земјоделство? Од лани поседува голема фотоцентрала за електрична енергија

Претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски вчера на прес-конференција соопшти дека со владината реконструкција неговата партија го добива Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кое ќе биде раководено од досегашниот државен секретар

Готово е: Тонали потпишува за Тотенхем!

ФОТО:facebook.com/newcastleunited/ Нова “бомба“ која е поврзана со Тотенхем. Вчера беше објавено дека Тотенхем го срушил рекордот за трансферна цена за доведување играч со трансферот на Матеуш Фернандеш, а веќе вечерва тоа одамна

Германците се подготвуваат за можна руска агресија: Одобрен е нацрт законот за воени резервисти

Германија планира да ги удвои своите резервни сили до средината на следната деценија на најмалку 200.000 војници, објави Ројтерс, наведувајќи дека целта е германската армија да има 260.000 активни војници. Германскиот министер
Go toTop