ЕУ: Во 2024 година изгоре девет пати повеќе површина во Македонија од просекот од 2006 до 2023

September 10, 2024
1 min read

Во 2024 година во земјава, според статистиката на Европскиот информациски систем за шумски пожари, изгореле над 90 илјади хектари или околу 3,6 отсто од целата територија на државата.

Според податоците на службата на ЕУ за следење на животната средина, оваа година изгореле над 94 илјади хектари во земјава, што е 9 пати повеќе од просекот на пожари од 2006 до 2023 година. Најмногу изгорена површина во периодот 2006-2023 година изнесувала 11827 хектари, во текот на 12 месеци.

Од Европскиот информациски систем за шумски пожари споделија дека во поради бројните шумски пожари во август, владата побарала итна поддршка  и бил активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Како резултат на тоа, десет воздушни противпожарни тимови од шест различни земји-членки на ЕУ биле испратени во Македонија за да помогнат земјава да се справи с опожарите.

Тие споделија и сателитска снимка од 4 септември од пожарот во мариовоска, кој зафатил површина од над 11 илјади хектари. Овој пожар, според европската агенција, бил ставен под контрола со дождот кој падна вечерта помеѓу 6 и 7 септември.

Дека дождот помогна во гасењето на сите пожари на отворено, сподели и Центарот за управување со кризи, кој кажа дека само во текот на вчерашниот ден имало 22 пожари на отворен простор.

Дирекцијата за заштита и спасување, пак, вчера информираше дека тие имаат на располагање само еден функционален ер-трактор за гаснење на пожарите, додека другите два се нефункционални.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Краен рок за промена на возачките дозволи со старото уставно име е 31.12.2024, граѓаните да ги заменат навреме

Следно

Јаневска: Образованите асистенти постепено се комплетираат во основните училишта

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп станува место каде што се среќаваат науката, бизнисот и практиката

Прилеп е домаќин на 14. меѓународна научна конференција „Економијата, бизнисот и општеството во дигитализирана средина“, во организација на Економскиот факултет – Прилеп. Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека конференцијата претставува

Коњановски: Телефоните на страна за време на наставата во битолските училишта

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, предложи иницијатива за ограничување на користењето мобилни телефони во основните и средните училишта во општината, која беше усвоена од Советот на Општина Битола. Коњановски посочува дека

Општина Битола: Градот влегува во нова развојна ера со 180 проекти

Општина Битола објави преглед на реализацијата на 180 проекти наменети за развој и унапредување на градот. Според податоците прикажани во општинскиот инфографик, досега се завршени 62 проекти, што претставува 34 проценти од

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се реализира според планот, приходите пораснаа за 8 отсто

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оствари работна средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова и директорот на Царинската управа Бобан Николовски, на која беше разгледана тековната реализација на
Go toTop