САД и Канада соборија ново неидентификувано летало

February 12, 2023
1 min read

Уште еден неидентификуван објект е соборен, потврди канадскиот премиер Џастин Трудо.

Тој рече дека најновиот објект „го нарушил канадскиот воздушен простор“ и бил соборен над Јукон во северозападна Канада.

Канадските и американските авиони биле во заедничка акција за да го пронајдат и срушат објектот.

Трудо потврди дека ја дал наредбата за уривање и дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден. Тие зборувале за важноста да се утврдат повеќе детали за намената и потеклото на објектот.

Најновиот неодреден објект летал над центарот на Јукон на околу 12 000 метри и бил пресретнат околу 15:41 часот по локално време вчера, изјави за новинарите министерката за одбрана Анита Ананд.

Таа го опиша како „мал“ и „цилиндричен“, и кажа дека сè уште се вршат напори за да се откријат повеќе детали.

Белата куќа соопшти дека објектот бил следен и надгледуван „во последните 24 часа“.

Тоа е трет објект што е соборен над Северна Америка во последната недела. Американската војска минатиот викенд уништи и кинески балон, а во петокот неодреден објект со големина на мал автомобил беше соборен кај Алјаска.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Облачно време со снежни врнежи

Следно

По 150 часа под урнатините спасена 64-годишна жена во Туркије

Latest from Blog

Цело Валандово и неколку села во петок ќе останат без струја

Поради реализација на инвестициски зафат, а со цел подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија, во петок (02.05.2025г. од 06:00 до 07:30 часот) екипите на Електродистрибуција ќе работат на реконструкција и

КАКО ШТО ДЕНЕС ЈА ПРЕТСТАВУВАМ ПАРИСКАТА ОПЕРА, ТАКА САКАМ И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА ПРЕТСТАВАМ ТАМУ, РЕЧЕ БАЛЕРИНАТА РОКСАН СТОЈАНОВ НА ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ

Многу сум среќна што ја добивам оваа награда во Скопје, точно каде што ги направив моите први танцувачки чекори. Исто така, во Скопје настапив за првпат на сцена во улогата на Ѕвончица

Камбовски: Финансиската зависност ја уништува судската независност, да се промени начинот на кој се прават реформите

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, предупреди дека без реална финансиска автономија, судството не може да биде вистински независно. Според него, сегашниот модел на реформирање е неефикасен, а суштински промени може да
Go toTop