ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА ЗА „СОСЕДНАТА СОБА“ НА ПЕДРО АЛМОДОВАР

September 7, 2024
1 min read

„Соседната соба“ на Педро Алмодовар, неговиот прв филм на англиски јазик, ја освои престижната награда Златен лав на 81. Венециски филмски фестивал што заврши вечерва. Филмот на премиерата доби неверојатни 17-минутни овации. Алмодовар примајќи ја наградата рече: „Би сакал да му го посветам на моето семејство, кое е тука сега… Овој филм ‘Соседната соба’, е мојот прв филм на англиски јазик… но духот е шпански“.

Филмот е адаптација на романот „Низ што поминуваш“ на Сигрид Нуњез, приказна за бестселер писателките Ингрид (Џулијан Мур) и Марта (Тилда Свинтон) кои го обновуваат своето пријателство откако изгубиле контакт. Додека се нурнати во минатите спомени, анегдоти, уметност и филмови, Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе земе апчиња за евтаназија.

Сребрениот лав за најдобра режија го осовои Брејди Корбет за неговиот трииполчасовен спектакл „Бруталист“ со Адријан Броди и Фелисити Џонс во главните улоги. Филмот, биографски филм за измислен унгарски архитект и преживеан од холокаустот, Ласло Тот, кој емигрира во САД, беше миленик на критичарите во Венеција оваа година, а ја освои и наградата на критиката ФИПРЕСЦИ.
Гран при на жирито односно Сребрениот лав го осови „Вермиљо“ од Маура Делперо. Специјалната награда на жирито ја доби „Април“ на Деа Кулумбегашвили.

Никол Кидман ја освои наградата за најдобра актерка за нејзината улога во еротскиот трилер „Бејбигрл“ со Антонио Бандерас и Харис Дикинсон. Но, Кидман не можеше самата да ја земе наградата бидејќи нејзината мајка, Џенел Ен Кидман, почина, откри таа. Режисерката Халина Рејн ја прочита пораката од Кидман: „Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа… Јас сум неизмерно благодарна што можам да го кажам нејзиното име на сите вас. Судирот на животот и уметноста е потресен и моето срце е скршено“.

Венсан Линдон ја доби наградата за најдобар актер за улогата во „Тивкиот син“ за татко и син разделени од нивните политички идеологии.

Во селекцијата Хоризонти најдобар филм е „Годината што никогаш не дојде“ на Богдан Мурсеану, кој ја освои и наградата на критиката ФИПРЕСЦИ. „Познат допир“ на Сара Фридланд ги освои наградите за најдобра режија и најдобар дебитантски филм. Примајќи ги наградите таа рече: „Ја прифаќам оваа награда на 76-годишнината од израелскиот геноцид во Газа… Се солидаризирам со народот на Палестина и неговата борба за ослободување“.

Во Хоризонти за најдобар актер е награден Франческо Геги за „Фамилија“, филм што ја истражува цикличната природа на насилството, во режија на Франческо Костабиле, а Кетлин Чалфант ја освои наградата за најдобра актерка за „Познат допир“.

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

24 интервју со Блажо Вујовиќ од синдикатот на МАНУ: Штрајк додека нема повисоки плати!

Следно

Ериксон: Игравме против силен и технички поткован тим

Latest from Blog

Божиновска го поздрави стартот на проектот ПУЛС за женско лидерство во енергетиката

Со поздравно обраќање од претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г-дин ВолфгангМаиер, официјално беше означен почетокот на проектот ПУЛС – Жените двигатели на енергетската транзиција, посветен на јакнење на улогата на

Филков: Случајот со апелациониот судија не е само скандал, тоа е симбол на длабока системска слабост

Министерот за правда Игор Филков на денешната прес-конференција се осврна на актуелните состојби во правосудството и пристапот на Министерството за правда кон утврдување на фактичката состојба на терен и преземањето конкретни мерки.

Македонија доби трет мобилен оператор: „Оне Македонија“ доби радиофреквенциски спектар

„ОНЕ Македонија“ денеска доби лиценца за 5Г-радиофреквенциски спектар од Агенцијата за електронски комуникации и официјално ќе работи како трет мобилен оператор во државата. Првично ќе почне да работи на територијата на Скопје,

Познати номинираните за Оскари

 Актерот Луис Пулман и номинираната за Оскар Даниел Брукс го прочитаа списокот на номинирани кои се натпреваруваат за најголемите награди во филмската индустрија. Холивуд ги откри номинираните за Оскарите во 2026 година,
Go toTop