Реал Мадрид убедливо до светската титула

February 11, 2023
1 min read

Екипата на Реал Мадрид осми пат е на светскиот трон, овој пат со победа над Ал Хилал со 5-3.

Дуелот во Мароко беше вистински спектакл со хепи-енд за „кралевите“. Уште еднаш се потврди теоријата дека Реал Мадрид игра финалиња за да ги добие, а не само да ги одигра.

Мрежите мируваа 13 минути, а тогаш погоди Винициус за предност на Реал Мадрид. Неколку минути подоцна, Феде Валверде зголеми на 2-0, а надежите на саудискиот клуб кој играше историско финале ги врати Марега во 26. минута. На паузата остана 2-1.

Во период од четири минути, од 54. до 58. минута, Бензема и Валверде донесоа 4-1. Ал Хилал возврати преку Вието во 63. минута (4-2), а високата предност за европскиот првак ја врати Винициус со вториот гол. Последниот погодок во Мароко беше дело на Вието, за конечни 5-3.

Реал Мадрид се врати на тронот по 2018 година кога последен пат беше европски владетел и првак. Со титулата, кралевите ја продолжија европската доминација на СКП која трае од 2012 година, кога последен пат шампион од друг континент беше бразилски Коринтијанс.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЖРТВИ: Над 28.000 загинати во земјотресот во Турција и Сирија

Следно

106 санкционирани возачи на територијата на СВР Струмица

Latest from Blog

СДСМ: Владината мерка за објавување цени на веб-страници е нефункционална и бесмислена

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја критикува владината мерка со која маркетите се задолжени да ги објавуваат цените на своите производи на веб-страници, оценувајќи ја како нефункционална и „целосно неупотреблива алатка“. „Откако

Почина Тоше Поп Симонов – долгогодишен музички автор и продуцент

Познатиот музички автор и продуцент Тоше Поп Симонов почина денеска, а зад себе остави плодна и значајна кариера во македонската и регионалната музичка сцена. Во текот на својата работа, Поп Симонов соработуваше

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ КОМПОЗИТОР И МУЗИЧКИ ПРОДУЦЕНТ ТОШЕ ПОП-СИМОНОВ

Тоше Поп-Симонов, еден од најзначајните композитори, продуценти и аранжери во современата македонска музика, почина на 63 години. Поп-Симонов ја почна својата музичка кариера во 1980-тите, при што беше еден од основачите и
Go toTop