Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија

September 6, 2024
2 mins read

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Микалис Рокас.

Во поздравното обраќање на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката порача дека и по повеќе од три децении од нашето осамостојување, стремежот за полноправно членство во Европската Унија продолжува да биде важен општествен двигател и значаен фактор на кохезија за огромното мнозинство македонски граѓани.

„Приклучувањето кон Европската Унија претставува наша цврста стратешка определба и генерациска цел за чие остварување макотрпно работеле и продолжуваат да работат десетици наши државни лидери, политички претставници, членови на граѓанскиот сектор, академски и научни работници, стопанственици, новинари и уште многу повеќе наши дипломати и државни службеници“, истакна во обраќањето претседателката Сиљановска Давкова, додавајќи дека како земја на пријателство и соживот, нашата држава ги почитува различностите и ги вреднува соседите и преку своето делување, активно ги промовира европските вредности во регионот и пошироко.

Таа изрази уверување дека со поддршка од ЕУ, земјава може да напредува и во оваа последна фаза на нашиот пат кон целосна европска интеграција, со забрзано темпо и без никакви пречки.

„Низ годините, донесовме храбри и многу тешки одлуки во интерес на иднината на нашите граѓани и на државата. Направивме многу за да се доближиме до потребните европски стандарди, да преземеме значаен дел од законодавството на ЕУ и да изградиме ефикасни административни и правосудни капацитети. Притоа, останавме докажан партнер од доверба за Унијата, како од аспект на реформите, така и преку нашиот придонес во справувањето со многуте заеднички предизвици“, истакна претседателката во поздравното обраќање.

Потенцирајќи дека Европската Унија е нашиот најзначаен економски и трговски партнер,  што говори за исклучително блиската структурна поврзаност на нашата економија со единствениот пазар на Унијата и економиите на земјите – членки, претседателката истакна дека фондовите и макрофинансиската поддршка на ЕУ беа и остануваат важен поттик за развој, трансформација и реформи.

„Би сакала да го истакнам и своето длабоко убедување дека, во духот на заложбите за забрзана и фазна интеграција, ќе успееме да го искористиме целокупниот потенцијал на Планот за раст за Западен Балкан и останатите европски програми и механизми за продлабочување и унапредување на нашето партнерство “, порача претседателката Сиљановска Давкова потенцирајќи дека нашата земја во ЕУ  гледа клучен поддржувач, партнер и пријател во справувањето со многуте предизвици на денешницата.

Шефот на Делегацијата на Европската Унија, Микалис Рокас при предавање на акредитивните писма ја цитираше изјавата на претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен: „проширувањето е инвестиција во нашата колективна сила и безбедност. Сакаме силна, конкурентна и безбедна Европа, а тоа го вклучува и Западен Балкан, како и Украина и Молдaвија во нашата Европска Унија“, потенцирајќи дека ова е доказ дека проширувањето повторно ќе стане главен приоритет и дека треба да се забрза за време на нејзиниот мандат.

Амбасадорот Рокас посочи и на неодамнешната одлука на Советот и на Европскиот Парламент да го финансира Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан.

„Тоа покажува дека ЕУ вложува средства сразмерно на нивото на нашите амбиции. Подготвени сме да ја придружуваме Вашата земја, новата Влада, институциите и граѓанското општество на патот кон натамошна европска интеграција. Би сакал да Ве уверам дека моја цел е да и помогнам на Северна Македонија да оди напред и да направи видливи чекори на патот кон оваа заедничка определба за членство во Унијата“, истакна амбасадорот Рокас.

„Преговорите и реформите се надеваме дека наскоро би можеле да станат процеси кои меѓусебно ќе се зајакнуваат. И двата процеси се предизвикувачки за Вашата Влада и за јавната администрација. Остануваме подготвени да ја обезбедиме сета неопходна помош за зајакнување на институциите преку нашиот претпристапен инструмент, ИПА. Подготвени сме за отворен дијалог, да слушаме, да советуваме и заедно да изнаоѓаме решенија. Очекувам да соработувам со Вас, Ваша Екселенцијо, со Парламентот, со Владата и со сите други чинители на граѓанското општество“, порача при предавање на акредитивите амбасадорот Рокас.

Toj истакна дека ќе ги застапува вредностите на Европската Унија, почитувањето на човековите права и владеењето на правото, посочувајќи ја солидарноста што ја демонстрирала ЕУ при помошта во борбата со шумските пожари во земјава и на Балканот, како и заложбите за мир што Унијата ги демонстрира преку континуирана и силна поддршка на Украина и на принципите на меѓународното право.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Туркије во последните 4 дена неутрализира 27 терористи на ПКК во воздушни напади во северен Ирак

Следно

Моја цел е да ѝ помогнам на Северна Македонија да оди напред, рече новиот евроамбасадор Рокас

Latest from Blog

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Доне Таневски, најголемиот акционер во хотелската групација „Македонија турист“, го намали својот удел од 23,4% на 17,72%, по продажбата на 25.669 акции. Македонска берза ја потврди продажбата, при што Таневски сега поседува

Костадинов: Горд сум што мојот предлог доби преубава реализација

Секој еден градоначалник и политичар треба најпрвин да биде човек, а потоа се останато, напиша градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, на својот фб профифл. Многу сум радосен за прекрасниот почеток на

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор

Независниот синдикат на одбраната информира дека денес Министерството за одбрана исполни уште една своја обврска од колективниот договор, исплатени се средствата кои беа заостанати од потпишувањето на КД заклучно со јуни. Исплатата

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

Ова е старт, прв чекор во градењето на инфраструктура за електричната мобилност, што е клучно за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето од страна на транспортниот сектор, проблем што е

ОБСЕ: Насилството врз жените е голема бариера за создавање целосна еднаквост во општеството

Истражувањето на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените кое денеска беше презентирано на јавната расправа насловена како „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, покажа загрижувачки резултати. „Половина
Go toTop