Борче Костовски добитник на државната награда „8 Септември“ за остварувања во спортот

September 6, 2024
1 min read

Одборот за доделување на државната награда „8 Септември“, утре, во Кристалната сала на Собранието, ќе ги врачи наградите за највисоко признание за животно дело и признание за спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот за 2024 година.

Овогодинешен добитник на наградата за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план е Борче Костовски, успешен спортски работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија. Костовски најголемиот успех го постигна како тренер на олимпиецот Дејан Георгиевски кој го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Токио.

Наградите со кои што се оддава признание на спортисти, тренери (селектори и тренери) и спортски работници за остварувања во областа на спортот им се доделуваат на: Мирко Димчевски, Рамадан Шабани, Зоран Бошковски и Димитар Јованов.

Извор: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во израелските воздушни напади врз градовите Газа и Рафа убиени осуммина Палестинци

Следно

Турскиот министер Фидан во посета на Косово

Latest from Blog

ИДФ: Либански проектил падна на израелска територија

ИДФ соопшти дека нема повредени и дека е подигната тревога во областа Рамат непосредно пред инцидентот. „Уште еднаш, странската терористичка организација Хезболах го прекрши договорот за прекин на огнот“, соопшти Израелската војска

Македонска технологија во светската елита: „Грин Машинс“ БРАКО го привлече вниманието на најголемиот саем во Германија

Македонската компанија БРАКО и брендот Green Machines деновиве се претставуваат на еден од најголемите светски саеми за еколошки технологии и урбана инфраструктура – IFAT Munich во Минхен. На престижниот меѓународен настан, кој

Македонскиот „Грин Машинс“ меѓу светската елита на ИФАТ во Минхен

Македонските возила за урбана хигиена „Грин Машинс“, кои се произведуваат во БРАКО во Велес, привлекоа големо внимание на престижниот светски саем ИФАТ во Минхен — еден од најзначајните меѓународни настани посветени на
Go toTop