Нетанјаху ги отфрли тврдењата на САД дека прекинот на огнот во Газа е многу близу

September 6, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја отфрли изјавата на американската администрација дека „90 % од договорот за прекин на огнот во Газа е завршен“ и додаде дека не се близу до договор за прекин на огнот, пренесува Анадолу.

Во интервјуто за американскиот канал Фокс њуз израелскиот премиер Нетанјаху ја оцени актуелната ситуација во врска со можниот прекин на огнот во Газа и ставот на Тел Авив кон овој процес.

На прашањето: „Дали сметате дека е точна изјавата на администрацијата на Бајден дека 90 % од договорот за прекин на огнот во Газа е завршен?“, Нетанјаху отсечно одговори „Не, тоа не е вистина.“

Истакнувајќи дека Хамас рекол „не“ за договорот што го објави американскиот претседател Џо Бајден што беше на дневен ред во јули, Нетанјаху тврдеше дека единствено барање на Хамас е „израелските војници да ја напуштат Газа“.

Тој изјави дека е погрешно сè уште да се очекуваат отстапки од Израел по смртта на шестмина израелски заробеници минатиот викенд, Нетанјаху упати порака до американската администрација, без да именува никого, „во наше име притиснете го Хамас да направи отстапки“.

Нагласувајќи дека ќе го контролираат Филаделфискиот коридор, Нетанјаху рече дека тоа го прават со цел „да го спречат Хамас повторно да се вооружи во Газа“ и „да го спречат префрлувањето на заробениците во Египет“.

Израелскиот премиер рече дека разговарал со својот кабинет во Тел Авив за ова прашање и дека сите искажале мислење да не се напушти коридорот, тврдејќи дека израелската јавност стои зад него по ова прашање и повтори дека нема да го напуштат коридор.

Подвлекувајќи дека во моментов не се близу до договор за прекин на огнот, Нетанјаху рече дека Хамас е одговорен за целата оваа ситуација.

Запрашан за коментарот на американскиот претседател Бајден, „Нетанјаху треба да вложи повеќе напори за прекин на огнот“, Нетанјаху одговори: „Не знам што сакаше да каже претседателот.“

Висок функционер од американската администрација на телеконференцијата што ја одржа претходно, рече дека 90 % од договорот за прекин на огнот во Газа е суштински завршен и дека преговорите за „размена на затвореници и заробеници“ и за „Филаделфискиот коридор“ продолжуваат меѓу засегнатите страни.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Во Лазарополе и Берово најниски температури, во Гевгелија најтопло

Следно

Ненад Зимоњиќ во интервју за КУРИР: Сакам да ме паметат прво како добар човек, а потоа како познат тенисер и успешен спортист

Latest from Blog

Прес на шефот на Делегацијата на ЕУ со Вучиќ по предавањето на годишниот Извештај на ЕК

Тој денеска му го предаде извештајот за напредокот кон ЕУ на српскиот претседател Александар Вучиќ , по што на прес конференција додаде дека тој документ не е критички документ, туку огледало што

Меџити до Курти: Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН, Македонија и Косово градат стабилно партнерство

Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир, ја истакна добрата соработка меѓу двете влади во порака до премиерот на Косово, Албин Курти. – Благодарам за честитката за победите на ВЛЕН во секој дел

Ѓорѓиевски веднаш започнува акција за чистење и нормализирање на јавниот превоз

Новиот скопски градоначалник Орце Ѓорѓиевски, по примањето на уверението за избор, најави дека веднаш ќе започне со акција за чистење на градот и преземање на конкретни мерки во јавните градски претпријатија. –

Јаневска: Новата Стратегија за образование ќе обезбеди континуитет на започнатите ефективни промени во ресорот

Образованието е скапа работа. Но, вредноста на квалитетот е поголема од било која цена и затоа Владата на Македонија останува фокусирана на сите промени што мора да се случат до конечната цел,
Go toTop