Втор случај на мали сипаници во Македонија: 12-годишното дете одбило хоспитализација, еве какви симптоми имало

September 5, 2024
1 min read

Втор случај на мали сипници е евидентиран во државава. Станува збор за 12-годишен жител на село Долно Коњаре, Петровец. Првичните симптоми кај пациентот започнале на 30 август со ситно – црвен исип, најпрво на лицето, а потоа и на градите и грбот, покачена температура, секрет од носот, конјуктивитис, кашлица и повраќање, информираа попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

-На 2 септември, детето е прегледано од страна на матичен лекар и поради сомнение за мали сипаници, препратено е на УК за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје, од каде е препратено за доиследување во Одделението за вирусологија при ИЈЗ, каде се земени урина, крв и брис од нос и грло за анализа како и на РТГ одделот во склоп на УК ТОАРИЛУЦ за РТГ снимка на бели дробови. Со серолошко и молекуларно (PCR) испитување е потврдено заболувањето. Заболениот е на домашно лекување откако одбил хоспитализација, појаснуваат од ИЈЗ.

Детето било невакцинирано со МРП-вакцина. Како што наведуваат од ИЈЗ, живее во седумчлено семејство – двајца родители и пет деца. Во однос на вакциналниот статус на семејството, три деца биле вакцинирани со две дози МРП-вакцина, две деца не биле вакцинирани. Родителите биле уредно вакцинирани, согласно возраста.

– Семејството престојувало во Нови Пазар, Република Србија од 10 до 24 август. Патувале со сопствено возило. Во Нови Пазар, дете на шестгодишна возраст било со дијагностицирани мали сипаници за време на нивниот престој. По враќањето од Нови Пазар, немало контакт со останатите членови од другите три семејства, кои живеат во ограден заеднички двор и не посетувало училиште, додаваат од ИЈЗ.

Во текот на годинава, пријавени се вкупно два лабораториски случаја на мали сипаници во државава. Првиот случај, регистриран во јуни, беше жител на струшко село.

Минатата година беше пријавен е еден случај на мали сипаници. Од 2014 до 2023 година, регистрирани се вкупно 2.020 заболени од ова заболување. Епидемии се регистрирани во 2014, 2017, 2018 и во 2019 година. Последната регистрирана епидемија од ова заболување е регистрирана во 2018 година, а завршила во 2019 со вкупено 1.901 регистрирано лице, во 24 градови.

Вакцинација против мали сипаници се спроведува континирано и задолжително со две дози на МРП-вакцина. Првата доза се смета за примовакцинација и треба да се даде на првата година од животот на детето. Ревакцината е на шестгодишна возраст. Опфатот со првата доза лани на национално ниво изнесувала 73,4 проценти, а во Скопје 83,7 отсто. Опфатот се ревакцинација на национално ниво лани била 87,7 проценти, а во Скопје 85,9 отсто.

– Имајќи го предвид пријавениот неоптимален опфат со вакцинација (<95%), фактот дека следните месеци претставуваат сезонски врв на вирусот и можноста за импортирање, пријавувањето на нови случаи не е неочекуван настан, потенцираат од Институтот.  (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Владата нема да купува автобуси, ЈСП и Арсовска сами да си најделе решение за градскиот превоз

Следно

Во Газа приведени 36 палестински новинари од страна на Израел од 7 октомври

Latest from Blog

Фото: Емилија Кларк во проѕирен фустан на првиот црвен тепих по повеќе од една година

По повеќе од година и пол отсуство од јавноста, Емилија Кларк се врати на црвениот тепих со стил. Ѕвездата од „Игра на тронови“ изгледаше зачудувачки во проѕирен фустан на „Глобал Гифт Гала

ХАОС ПРЕД СРПСКОТО СОБРАНИЕ: Полицијата спречи упад, силни топовски удари, БЛОКАДЕРИТЕ ЗАПАЛИЈА ШАТОР (ФОТО+ ВИДЕО)

Во центарот на Белград, пред Народното собрание, се собрале неколку блокадери, обидувајќи се да предизвикаат хаос, јавуваат медиумите. Според извештаите, блокадерите почнале да фрлаат камења и шишиња кон „Чациленд“. МУП издаде итно

Антони ја “скрши“ Мајорка!

ФОТО: Real Betis Balompié/FB Бетис – Мајорка 3:0. Ова е исходот од вечерашниот меч во Ла Лига во Севиља. И веднаш, уште една одлична партија на Бразилецот Антони кој со два гола

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од народот кој се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека

Орце Ѓорѓиевски: Благодарен сум на скопјани за довербата – нема да ја изневерам

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со реализација на плановите за подобрување на состојбите во главниот град. „Веднаш
Go toTop