Муртезани на средби со Суперти и Бретел од ДГ НЕАР

September 4, 2024
1 min read

Во рамките на првиот ден од дводневната посета на Брисел, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше одделни средби со Валентина Суперти, директорка во Генералниот директорат за соседска политика и преговори за проширување (DG NEAR), и Сигрид Бретел, раководител на одделението за Македонија и Албанија при ДГ НЕАР.

Во разговорот со Валентина Суперти, акцентот на разговорите беше ставен на напредокот и следните чекори во рамките на Реформската агенда 2024-2027 и Планот за раст на Европската Унија за Западниот Балкан, што претставува значаен исчекор кон економска трансформација на регионот.

Исто така, се разговараше и за подготовките за потпишување на Договорот за инструментот за реформи и раст и Договорот за заем, што ќе ги постави правните основи за спроведување на претходно договорените проекти.

Од особена важност беа и дискусиите за комуникациските стратегии, кои имаат за цел да ја информираат јавноста и бизнис заедницата за придобивките што овој план ги носи, како дел од пошироките европски интегративни процеси.

Министерот Муртезани изрази подготвеност за активно учество на земјата во утврдувањето на нови приоритетни области за соработка, со цел да се зајакнат регионалната безбедност и економскиот развој. Покрај тоа, беа разменети информации за статусот на подготовките на следниот Извештај на Европската комисија за Македонија, како дел од пакетот за проширување на ЕУ.

Состаноците исто така ги опфатија и актуелните состојби со скрининг извештаите, кои претставуваат важен индикатор за степенот на усогласеност на Македонија со европските стандарди. Во овој контекст, беше дискутиран и напредокот во реализацијата на патоказите и акциските планови, како неопходен предуслов за понатамошно интегрирање на земјата во европските структури.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во Туркије се враќа златен ѓердан стар 2.700 години изложен во американски музеј

Следно

Сиљановска Давкова на средба со директорот на Европската организација за јавно право

Latest from Blog

Фараж се врати во британскиот парламент — победи на изборите што самиот ги предизвика

Традиционалните партии ги бојкотира дополнителните избори, откако Фараж се обиде гласањето да го претстави како референдум за неговата борба против „естаблишментот“. Поради тоа, негов главен противкандидат беше комедијантот Џонатан Харви преправен во

Вечер за паметење со Симон Трпчески во Охрид: „Сите си го сакаме бисерот на Македонија, сега полесно се стигнува“

Македонскиот пијанист со светска слава Симон Трпчески синоќа приреди незаборавна музичка вечер во Античкиот театар во Охрид, каде пред публиката не само што ја презентираше својата музика, туку сподели и лични спомени

Три спектакли за три дена: Битола викендов ќе пулсира со музика

Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот
Go toTop